Де Мојн () е главен и најголем град во американската сојузна држава Ајова. Бројот на жители според мерењата извршени во 2009 год изнесувало 209,124 а со целата околина 554,659 жители.
Градот се наоѓа во централниот дел на Ајова. Низ градот течат две реки Де Мојн и Ракун.
Де Мојн е основан во 1843 година под името Форт Де Мојн (), а статусот град го добил во 1851 година. Главен град на сојузната држава Ајова станал во 1857 година.
Најсилниот сектор во економијата е осигурителната индустрија.
Надворешни врски Градска интернет презентација
Категорија:Главни градови на САД Категорија:Градови во Ајова Категорија:Населени места основани во 1843 година