Никола Иванов Вражалски (Кочани, - , ) — припадник на студентското движење МАНАПО, учесник во НОВ и македонски правник. Бил јавен обвинител на НРМ и пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од 1946 година.
Животопис Вражалски е роден во Кочани на 12 мај 1914 година. Завршил Правен факултет во Белград во 1940 година. За време на студиите во Белград активно се вклучил во студентските активности и во друштвото „Вардар“. Станал член на КПЈ во 1940 година.
Со дозвола на Комунистичката партија на Југославија, во периодот на бугарската окупација на Македонија, се инфлитрирал и бил поставен како кмет најпрво во Чичевската општина (1941 година), па во Богомила (1942 година), а од јуни 1942, бил поставен за кмет на селото Блатец. Од октомври 1942 година работел во Скопје. Бил член на АСНОМ и организатор на НОО во Кочани во 1944 година.
По Ослободувањето, во 1945 година бил именуван за Окружен јавен обвинител, а потоа и за Помошник на јавниот обвинител на Народна Република Македонија. За јавен обвинител на НРМ бил именуван на 27 јули 1946 и на таа функција останува до 3 ноември 1948 година„Никола Вражалски“, Јавно обвинителство во Република Македонија''. Бил и народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија и член на Уставотворниот одбор за подготовка на Уставот на НРМ од 1946 година.
По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото, кон крајот на 1949 година, заедно со Панко Брашнаров и Ѓорѓи Василев, основале информбировска илегална група, со цел за нелегална работа против партиското и државно раководство.Записник од сослушувањето на Панко Тодоров Брашнаров, работен на 16.12.1950 година, цит. сп. Виолета Ачкоска, „Судирот со Информбирото и некои текови во македонското општество (1948-1998)“, „Историја“, 1998, 85 стр. Потоа бил затворен на Голи Оток како информбировец. Починал во Скопје во 1997 година.
Во негова чест една улица во Кочани го носи неговото име.
Поврзано
Драга Станчова Вражалска
Наводи
Категорија:Правници од Кочани Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Затвореници на Голи Оток Категорија:Обвинители Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ Категорија:Членови на уставотворното собрание на Народна Република Македонија