Браила () е округ во Романија, сместен во југоистичниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Браила.
Географија Местоположба мини|десно|200п|Фонтана во градот Браила Округот Браила е копнен округ во Романија. Окружен е: на север со: Галац; на исток со: Тулча; на југоисток со: Констанца; на југ со: Јаломица; на запад со: Бузау; на северозапад со: Вранча.
Релјеф Округот се наоѓа во Влашка, поточно во нејзината јужна област Мунтенија. Релјефот во целиот округ е рамничарски. Во јужните делови од округот, по окружната граница тече реката Дунав, која го одвојува овој дел од Романија со областа Добруџа. Округот е најсушниот дел во низината, познат како Бараганска степа. Во северните делови тече реката Сирет, која претставува и граница кон регионот Молдавија.
Демографија Округот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 98% од населението во округот, а од останатите најбројни се Ромите и Русите.
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година