Битката на свијокот на Црна — битка меѓу бугарската армија и армиите на Антантата, што се случила во текот на октомври-ноември 1916 година на Јужниот фронт за време на Првата светска војна.

Тек на битката Во август 1916 година бугарската армија ја спроведуваат офанзивната Леринска операција. По нејзиниот прекин силите на Антантата преземаат контраофанзива. Тие го заземаат Кајмакчалан на 2 октомври и продолжуваат кон Битола. На 18 истиот месец ја преминуваат реката Црна кај селото Брод и се укрепуваат на нејзиниот лев брег. Првата бугарска армија прави контра напад, но тој е неуспешен. На 23 октомври огнот на противникот достигнува огромни размери. Французите дејствуваат во полето при Кенали.Александар Ж. Петровић (2014) "Сан Црне реке", часопис "Зенит" бр. 14, Београд, За една седмица противниците на бугарите ги напаѓаат неколкупати, но не постигнуваат успех. И српските напади на завојот на Црна биле одбиени. При секој неуспешен напад, артилерија на Антантата го засилува својот оган. Загубите се зголемуваат сè повеќе и повеќе, бидејќи батериите треба да ги штедат проектилите, што ги угнетувало бугарите и го убивало нивниот морал. На 7 ноември артилеријата на Антантата започнува најсилен оган против 3/8 бригада, која заземала позиции меѓу Крапе и Полог. По 3 дена загубите на бригадата постепено се зголемуваат и на 10 ноември без да биде нападната таа ги напушта своите позиции, кои веднаш се заземени од србите. После нови битки на 17 и 18 ноември бугарската војска на 19 ноември е принудена да ја напушти Битола и заземе позиции 5 км. Северно од градот на линијата Пелистер – кота 1248 – кота 1050.

Наводи П. Недев, Бугарија во светската војна (1915-1918), Софија, 2001, Издателство Анико, ISBN 954-90700-3-4 Ш. Атанасов и др. Бугарската воена способност за време на капитализмот, Софија, 1959, Државно воено издателство на МНО

Надворешни врски Песна за битката на завојот на река Црна

Категорија:Битки на Бугарија во Првата светска војна Категорија:Битки на Србија во Првата светска војна Категорија:Битки на Франција во Првата светска војна Категорија:Битки на Германија во Првата светска војна Категорија:Македонски фронт (Прва светска војна) Категорија:Македонија во Првата светска војна Категорија:Судири во 1916 година Категорија:Македонија во 1916 година Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Македонија под власта на Бугарија