Либиј Север или Север III — цар на Западното Римско Царство од 461 до 465 година. Како цар бил прогласен на 19 ноември 461 година, од страна на Рицимер, практичниот владетел на империјата. Сепак, византискиот цар Лав I одбил да го признае за цар и Либија де факто бил цар во сенка. Либиј Север не поседувал никаква власт и никогаш не се појавил со некоја своја одлука во царството. Во 465 година бил тргнат од својството цар по заповед на Рицимер. Не е познато дали бил убиен или отровен од негова страна.

Наводи

Категорија:Починати во 465 година Категорија:Римски цареви од 5 век Категорија:Конзули на Римското Царство Категорија:Римјани од 5 век Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Христијани од 5 век