Романска делегација во посета на Македонија е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во вкупно времетраење од 8 минути. Истиот е составен од три дела, првите два во времетраење од две минути и третиот со должина од четири. Иако очигледно се работи за една целина, Милтон Манаки при идентификацијата на филмовите овој материјал го спомнува трипати Профил на Романска делегација во посета на Битола на страницата на МИФЦ.. Снимен е во стандард техника, без звук, во црно бела форма и на 35мм филм .
Кратка содржина
Романска делегација во посета на Битола
Првата целина почнува со пристигнувањето на делегацијата со кочии во Битола и завршува со нејзиниот престој во овој град.
Романска делегација во посета на Гопеш
Втората целина од престојот на романската делегација во Македонија ја опфаќа посетата на Гопеш и нивниот пат до Моловишта на пропатување од Битола кон Ресен и Охрид.
Романска делегација во посета на Ресен
Третиот снимен дел од посетата на романската делегација на Македонија, кој е и најдолг, го прикажува патот на делегацијата кон Ресен и нејзиното пристигнување и престој во овој град.
Поврзано Браќа Манаки
Белешки
Надворешни врски Трите составни филма:
Категорија:Филмови на браќата Манаки