Авионската несреќа кај Бишкек се случи на 24 август 2008 (20:30 по месно време) кај Меѓународниот аеродром Манас во близина на градот Бишкек, на авион од типот Боинг 737-200 користен од ккомпанијата Itek Air, а позајмен од иранската авиокомпаија Aseman Airlines којшто под чартер лет бр. 6895 леташе на релација Бишкек- Техеран.
Причини за несреќата
Причините за несреќата се нејасни, но властите во Киргистан негираат дека станува збор за терористички напад. Според Тахон Мамитов, советник на претседателот на Киргистан, на бродот се наоѓал сензор кој се огласил како предупредување за патниците да го напуштат авионот. Во 10 минути екипажот изјавил дека има недостиг од притисок и решил да го врати авионот во Бишкек. Но, на 2 km од аеродромот се јавиле турбуленции и авионот се заковал во земја и се запалил.Властите во Киргистан велат дека терористички напад немало на авионот Боинг 737
За разјаснување на причините за несреќата работи и Меѓународниот воздухопловен комитет.Разјкаснувањето на причините за несреќата ќе го извршат руски експерти
Патници и екипаж
На авионот во моментот на несреќата се наоѓале 83 патници и 7 членови на екипажпот. Екипажот го сочинувале 2 пилота, 4 стјуардеси од авиокомпанијата Itek Air и менаџер од компанијата Aseman Airlines. Меќу патниците на авионот била и одбојкарска репрезентација на Киргистан.
Државјанство Патници Екипаж Вкупно Преживеани 24 6 30 11 53 1 54 10 3 3 1 1 1 1 1 1 Вкупно 83 7 90 21
За авионот
Авионот Боинг 737-200 со регистрација ЕХ-009 бил во употреба од страна на киргистанската авиокомпанија Itek Air, но бил позајмен од сопственичката компанија Aseman Airlines. Авионот бил пуштен во употреба во 1979 година, а последната контрола била извршена во мај 2008.На бродот се наоќал 51 странец
Како и сите киргистански авиокомпании, Itek Air се наоѓа на „црната листа“ на Европската Унија за лет на нејзина територија.
Наводи
Надворешни врски Детали и фотографии од местото на случувањето Список на патници и членови на екипажот на чартер летот бр.6895 на релација Бишкек- Техеран Детали од катастрофата на мрежното место Aviation Safety Network Авионска несреќа во Бишкек: 2 часа пред хаваријата истиот авион се вратил од Москва
Категорија:Воздухопловни насреќи