Луфтханза АГ е најголемата авиокомпанија во Европа во смисла на превоз на патници и национален авиопревозник на Германија. Името на компанијата потекнува од "Luft", германски збор за воздух, и "Hansa", моќна средновековна трговска компанија. Авиокомпанијата е петта по големина во целиот свет, оперира на 209 одредишта во 81 земја. Луфтханза ја има втората најголема флота на авиони во светот. Седиштето на авиокомпанијата е во Келн, Германија, додека централниот аеродром кој го користи авиокомпанијата е аеродром Франкфурт, со втор хуб аеродром Минхен. Луфтџанза е првиот член на Star Alliance, најголемата светска алијанса на авиокомпании. Star Alliance беше формирана во 1997 година заедно со Thai Airways, United Airlines, Air Canada и SAS Scandinavian Airlines System. Моментално, Star Alliance има 20 членови и 3 регионални члена. Луфтханза оперира со преку 400 авиони и вработува 105,261 луѓе ширум светот. Во 2007 година, 83.1 милиони патници летаа со Луфтханза. thumb|right|Седиштето на Луфтханза во Келн, Германија

Историја

Компанијата беше основана на 6 јануари 1926 година во Берлин. На 9 декември 1927, по договор на Германската и Шпанската влада, Луфтханза започнува со редовна линија помеѓу Берлин и Мадрид. Со овој договор, исто така е предвидено и создавање на Шпанска авиокомпанија, Иберија. Во годините пред втората светска војна, Луфтханза започнува со летови до далечниот Исток, северна и јужна Америка, но со завршувањето на втората светска војна сите линии се суспендирани. Луфтханза беше реоснована на 6 јануари 1953 година. Во 1958 година, Луфтханза направи нарачка од 4 авиони Боинг 707, со главна намена, започнување на летови од Франкфурт до Њујорк. Боинг 720 беа купени подоцна со цел да ги заменат веќе дотрајаните Боинг 707. Луфтханза го додаде Боинг 727 во својата флота во 1964, и во мај истата година, започнаа поларни летови од Франкфурт до Токио. Луфтханза беше исто така првиот корисник на Боинг 737, и со тоа стана првиот корисник на Боинг авиони вон границита на САД. Со почетокот на ерата на големи авиони, Луфтханза влезе на голема врата со Bоинг 747. Во 1971 година, Луфтханза започна сервис и кон Јужна Америка. Најголемата модернизација и реновација на компанијата започна во 1985 година, со нарачка на 15 Airbus A320 и седум Airbus A300-600 авиони. Десет Boeing 737-300 беа нарачани неколку дена потоа. Сите тие воздухоплови беа испорачани во периодот од 1987 до 1992 година. Луфтханза исто така нарача и Airbus A321, Airbus A340 и Boeing 747. Монентално, Луфтханза има договор со Американската авиокомпанија JetBlue, со кој поседува 19% од компанијата. Ова е прво здружување на Американска е Европска авиокомпанија по потпишувањето на openskies договорот. Исто така Луфтханза се обидува да ја присвои и Полската национална авиокомпанија LOТ, која сѐ уште е во сопственост на Полската влада.

thumb|right|Airbus A300B4-600R

thumb|right|Airbus A319-100

Подружници на Луфтханза

SunExpress, Авиокомпанија заснована во Анталија, 50% од авиокомпанијат е во сопственост на Луфтханза и 50% на Turkish Airlines Swiss International Air Lines, авиокомпанија заснована во Цирих, Швајцарија сопственост на Луфтханза Lufthansa Cargo, логистика на товар Lufthansa Technik, нуди одржување на авиони Lufthansa Systems, најголемиот европски информатички услужник за авиони во Европа Lufthansa Regional, бренд опериран од алијанса од неколку помали авиокомпании вклучувајќи ја и Lufthansa CityLine Lufthansa CityLine, регионален авиопревозник во целосна сопственост на Луфтханза Air Dolomiti, авиокомпанија заснована во Трст, Италија Delvag, осигурителна компанија специјализирана за авиотранспорт LSG Sky Chefs, најголемиот светски снабдувач со храна и пијалаци во авио индустријата Lufthansa Flight Training, летачка школа за пилотите на Луфтханза Condor, чартер авиокомпанија во која Луфтханза поседува 24.9% Lufthansa поседува 13% од Luxair. 49% of Eurowings регионален авиопревозник, кој е во целосна сопственост на Germanwings, low-cost превозник кој оперира летови низ Европа 30% сопственост од BMI, авиокомпанија во Англија Lufthansa поседува 19% од акциите во JetBlue.http://money.cnn.com/news/newsfeeds/articles/primenewswire/133023.htm Lufthansa Commercial Holding, содржи повеќе од 400 сервици и финансиски компании во кои Луфтханза поседува одредена сопственост

Флота

Луфтханза и Луфтханза CityLine оперираат со следниве авиони заклучно со 14 јули 2008 година: + Lufthansa FleetАвионВкупноПатници (Прва/Бизнис*/Економска)РутаЗабелешкиAirbus A300-600R14280*Германија, Европа, Африка, Казахстан и ПакистанAirbus A319-10020 (11 orders)126* Германија, Европа и Северна АфрикаAirbus A320-20036 (14 нарачки) (30 опции) за целата Airbus A320 фамилија150*Германија, ЕвропаAirbus A321-100/20031 (30 orders)182*Германија, Европа, Египет, ЈорданНајголем оператор на Airbus A321Airbus A330-30014 (3 orders)221 (8/48/165)Франкфурт и Минхен со Северна Америка, Африка, Блискиот Исток и Азија, исто така се користи и на релација Франкфурт - МинхенAirbus A340-30028247 (8/42/197) Франкфурт до Северна Америка, Африка, Јужна Америка, Блискиот Исток и Африка, Минхен до Северна Америка и Азија, Диселдорф до Њујорк, Чикаго и ТоронтоНајголем оператор на Airbus A340-300Airbus A340-60020 (4 нарачки)306 (8/60/238)Франкфурт и Минхен со Северна Америка, Азија, исто така се користи и на релација Франкфурт - МинхенНајголем оператор на Airbus A340-600Airbus A380-800(15 нарачки) (10 опции)555Најверојатно Франкфурт со Северна Америка и Азијавлез во сервис: 2009Avro RJ851893*Германија, ЕвропаОперирано од CitylineBoeing 737-30033127*Германија, Европакрај на употреба: 2012 авион за замена: Airbus A320 фамилијаBoeing 737-50030111*Германија, Европа и Северна Африкакрај на употреба: 2010 авион за замена: Airbus A320 Family, Embraer 190Boeing 747-40030344 (16/66/270)Франкфурт до Северна Америка, Јужна Америка, Близок Исток и Азијакрај на употреба: 2010-2012 авион за замена: Boeing 747-8, A340-600 and A380Boeing 747-8(20 нарачки) (20 опции)Најверојатно Франкфурт до Северна Америка, Јужна Америка, Близок Исток и АзијаПрв корисник влез во употреба: 2010Bombardier CRJ-100/2002650*Германија, ЕвропаОперирано од Луфтханза CitylineBombardier CRJ-7002270*Германија, ЕвропаОперирано од Lufthansa Cityline и Eurowings (Lufthansa Regional)Bombardier CRJ-90012 (15 нарачки)84*Германија, ЕвропаОперирано од Луфтханза CitylineBombardier CSeries0 (30 нарачки) (30 опции) 100, 130Германија, ЕвропаНема сѐ уште нарачки, влез во употреба: 2013 - Прв корисникEmbraer 190(30 нарачки)Германија, Европавлез во употреба: 2009 Согласно март 2008, просечната старост на авионите е 12.8 години.

Одредишта

Наводи

Категорија:Авиопревозници од Европа Категорија:Авиопревозници од Германија