Североисточнокавкаски јазици (нахо-дагестански или севернокасписки јазици) — семејство на јазици што се говорат во Русија (Дагестан, Чеченија и Ингушетија), Азербејџан и Грузија. Ова е посебна група, одделна од северозападнокавкаската, чии јазици се наречени и „севернопонтски“.

Јазици

Традиционалната класификација ја делела фамилијата на нахска и дагестанска гранка, од каде што потекнува терминот нахо-дагестански.See Nichols (2003) Сепак, обидите за реконструкција на прајазикот покажуваат дека нахските јазици не се повеќе различни од дагестанските отколку што различните гранки на дагестанските јазици се меѓусебно различни,See Schulze (2009) иако ова гледиште сè уште не е општоприфатено.

Семејство нах Батски јазик (3400 говорници) Вејнашки јазици Чеченски јазик (1.360.000 во Русија) Ингушетски јазик (450.000 во Русија)

Аварско-андско семејство Аварски јазик (600.000 говорници) Андски јазици Андски јазик (10.000) Ботлишки јазик (5000) Годоберски јазик (3000) Каратански јазик (5000) Ахвашки јазик (3500) Багвалалски јазик (2000) Тиндски јазик (6700) Чамалалски јазик (5000)

Цеско семејство Источноцески јазици Хинушки јазик (200 говорници) Бештански јазик (5000) Западноцески јазици Цески јазик (15.000) Хваршиски јазик (3000) Хунзипски јазик (2000)

Лак (изолат) Лачки јазик (120.000 говорници)

Даргиски дијалекти Даргински јазик Кајташки јазик Кубачки јазик Ицарски јазик Чирашки јазик

Хиналуг (изолат) Хиналушки јазик (2000 говорници)

Лезгинско семејство Арчски јазик (1000 говорници) Удиски јазик (5700) Лезгински Агулски јазик (17.400) Лезгински јазик (450.000) Табасарански јазик (96.000) Рутулски јазик (20.000) Кризки јазик (6000 во 1975) Будушки јазик (1000) Цахурски јазик (20.073) Кавкаски албански јазик

Поврзано Кавказ Кавкаски јазици Северозападнокавкаски јазици

Наводи

Категорија:Кавкаски јазици Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Русија Категорија:Јазици во Азербејџан