Грузиски јазик (, картули ена) — картвелски јазик, мајчин јазик на Грузијците и службен јазик на кавкаската држава Грузија. Се пишува со уникатното грузиско писмо. Јазикот го зборуваат околу 4 милиони луѓе во Грузија и во грузиската дијаспора.
Грузискиот јазик го зборуваат, како мајчин, околу 3,9 милиони луѓе во Грузија и уште околу 500.000 Грузијци во дијаспората, најмногу во Турција, Грција, Иран, Русија, САД и останатите држави. Грузискиот јазик е сроден јазик со уште три картвелски јазици: свански јазик, мегрелски јазик и ласки јазик и заедно со овие јазици сочинуваат едно јазично семејство кое не е сродно со ниту едно од останатите јазични семејства во светот.
Писмо
Низ историјата, грузискиот јазик се пишувал со различни писма. Денес, за запишување на јазикот се користи само грузиската азбука наречена „мкедрули“ што во превод значи „воено писмо“. Покрај ова, постојат и историските писма, но тие ги користат само научниците за истражување на грузиската историја. Грузиската азбука има 33 букви и ова писмо е фонетско, што значи еден глас е претставен со еден симбол. Покрај 33-те букви, има и уште неколку останати кои не се користат повеќе.
Грузиска азбука „мкедрули“ ა ბ გ დ ე ვ ზ თ ი კ ლ მ ნ ო პ ჟ რ ს ტ უ ფ ქ ღ ყ შჩ ც ძ წ ჭ ხ ჯ ჰ
Македонски еквиваленти а б г д е в з т и кх * л м н о пх * ж р с тх * у пх * кх * глотално х к' * шч ц ѕ цх * чх * тврдо х џ меко х * - овие гласови ги нема во македонскиот јазик. Тие се силни согласки, фрикати, проследени со грлен полуглас (х).
Според традиционалните верувања и записи на Леонти Мровели во 11 век, првата грузиска азбука била создадена од првиот крал на Кавкаска Иберија Парнаваз I Иберски во 3 век п.н.е. Сепак, првите записи на азбуката, или одредена модификација на истата, датираат од 5 век. Низ вековите азбуката била изменувана и модернизирана, па поради тоа денес има три верзии на истата: „асомтаврули“ или „големи букви“, „нускури“ или „мали букви“ и „мкедрули“ или „воено писмо“. Првите две не се користат повеќе, туку само последната. Грузиското писмо не разликува мала од голема буква и сите се исти.
Фонологија Самогласки +СамогласкиПредниЗадниЗатворени ი უСредни ე ოОтворени ა
Согласки +Грузиски согласки ЛабијалниЗабно/алвеоларниПост-алвеоларниМеконепчаниУвуларниГлоталниНосни მ ნЕксплозивниаспиративни ფ თ ქ звучни ბ დ გејективни პ ტ კ ყафрикативничисти ც ჩ безвучни ძ ჯ ејективни წ ჭ Фрикативнибезвучни ს შ 1 ხ ჰзвучни ვ ზ ჟ 1 ღВевни რЛатерални ლ
Пример Како пример за јазикот се наведува првиот член од Декларацијата за човекови права:
Грузиско писмо:
Транслитерација на грузиското писмо:
Превод на македонски јазик:
Наводи
Поврзано Грузија Грузијци Грузиско писмо Картвелски јазици
Надворешни врски Граматика на грузискиот јазик од Хауард Аронсон Достапна грузиска краматика од П.Џ. Хилари Грузиско-англиски и англиско-грузиски речник Англиско-грузиски, германско-грузиски и руско-грузиски речници Англиско-грузиски HTML речник За Грузија: јазик и азбука Грузиски фонтови Летно училиште за грузиски јазик во Државниот Универзитет во Тбилиси Научи како да пишуваш на грузиски Список на основни зборови на грузиски јазик со превод на англиски
Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Русија Категорија:Јазици во Турција Категорија:Јазици во Грузија Категорија:Јазици во Азербејџан