Crassula tillaea е сукулент. Ова растение е домородно во Евроазија, особено во Медитеранскиот басен, но е познато во други региони како воведен вид.

Опис Едногодишно мало голо растение. Стебленцето 1-5 цм високо, прилегнато или придигнато, поретко вертикално, обично многу разгрането, четириаглесто, црвеникаво или црвеникаво-кафеаво. Листовите наспрамни, расперени, во основата сраснати помеѓу себе во едно пехаресто образување, јајцевидно-долгнавести, 1,5-2 мм долги, дебели, на гораната страна рамни, на долната страна полукружни, во чии пазуви се развиваат куси цветни гранчиња. Цветовите приседнати или со многу куси дршки, 3-члени, поретко 4-члени. Чашкините ливчиња 3, околу 1 мм долги, широко-ланцетни, на врвот шилесто заострени, светлоцрвени, со бело врвче. Венечните ливчиња 3, тесно-ланцетни, светлорозови или бели, покуси од чашкините ливчиња. Прашниците 3, покуси од венечните ливчиња. Мешунчињата 3, многу мали, јајцевидни, обично со 2 семки, поретко со 1 или 3 семки.

Распространетост во Македонија Crassula tillaea расте по брдските пасишта врз силикатна подлога на територијата на Република Македонија. Засега ни се познати само следните локалитети, и тоа: околината на Радовиш; Прилеп кај с. Загорани; Гевгелија - с. Богданци, кај местото „Паљурци“.

Наводи

Надворешни врски

Рачен третман на Џепсон Профил на растенија од USDA Фото галерија

Категорија:Флора на Малта Категорија:Дебелец Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија