Лео Скири Естигор (роден на 28 ноември 1990 година, во Молде) — норвешки фудбалер, на Џенова и на норвешката репрезентација.
Биографија Неговата постара сестра Рике, била многу талентирана ракометарка на врвно ниво, но морала да ја прекине кариерата на 23-годишна возраст по серија повреди на коленото.
Естигор е верен со неговата девојка Аурора Еидман, со која имаат едно дете, син, роден во јуни 2026 година.
Технички карактеристики Централен дефанзивец со импозантна фигура, тој е вешт во маркирањето и има забележителен скок што го прави доминантен во воздушните дуели. Добар е во градењето на акциите одзади, но му недостасува брзина. Тој се издвојува и по карактерот и идентитетот со кој излегува на теренот.
Клупска кариера Почетоци Израснал во младинските категории на Молде, за кој го имал своето деби со првиот тим на 4 јуни 2017 година, кога влегол во игра на местото на Сандер Свендсен во поразот со 1-0 на гостувањето кај Сарпсборг 08. На 13 март 2018 година, по продолжувањето на договорот со Молде за уште три години, бил испратен на позајмица во , во второто ниво на Норвешка. За новиот клуб, дебитирал играјќи како стартер на 2 април истата година, во победата со 0-2 на гостувањето кај .
Брајтон и разни позајмици На 8 август 2018 година, Естигор бил купен од , со кој потпишал тригодишен договор. За англискиот клуб никогаш не настапил, минувајќи ја целата сезона во младинските категории на клубот.
На 18 јули 2019 година, се сели на едногодишна позајмица во Санкт Паули. Дебито во втората германска лига го имал на 31 август, играјќи ги последните десет минути од првенствениот натпревар кој завршил со резултат 3-3 против . Како стартер под водството на тренерот Јос Лухукај, сезоната ја завршил со вкупно 29 настапи и еден гол, постигнат против .
На 27 август 2020 година, Естигор отишол на нова позајмица, овојпат во Ковентри Сити во Чемпионшип. Дебито го имал на 12 септември, што воедно бил и негов прв сениорски натпревар во англискиот фудбал, играјќи го целиот натпревар во поразот со 2-1 на гостувањето кај Бристол Сити. На 27 февруари 2021 година, тој бил исклучен во ремито 1-1 на гостувањето кај Блекбурн Роверс, откако добил втор жолт картон. Својот прв гол во англискиот фудбал го постигнал на 5 април, кога го отворил резултатот во победата со 3-1 на домашен терен против Бристол Сити. На два натпревари пред крајот на сезоната, Естигор се вратил во Брајтон поради повреда на бутниот мускул. Сезоната ја завршил со 39 настапи и два гола во првенството – вкупно 40 настапи и два гола – помагајќи им на „небесно сините“ да обезбедат опстанок при враќањето во Чемпионшип по осум години.
На 10 август 2021 година, бил позајмен на Стоук Сити, повторно во Чемпионшип. После вкупно 15 настапи и еден гол (постигнат во победата со 1-3 на гости над ) за „грнчарите“, на 27 декември 2021 година, неговата позајмица била прекината откако играчот бил отповикан назад од страна на матичниот клуб Брајтон. Неколку дена подоцна, на 5 јануари 2022 година, тој бил испратен на нова позајмица во италијанската екипа од Серија А, . Дебитирал за италијанскиот клуб четири дена подоцна, во поразот со 0-1 од во првенството. На 13 јануари, тој го постигнал својот прв гол во италијанскиот фудбал, во натпреварот од Купот на Италија, кој тимот бил поразен со 3-1 на гостувањето кај .
Наполи По солидната полусезона во Италија на лично ниво, и покрај неуспехот на клупски план и испаѓањето на Џенова од Серија А, Естигор бил купен од , друг клуб од италијанската врвна лига. Дебитирал за „партенопеите“ на 31 август 2022, во домашниот натпревар против , во рамките на четвртото коло од првенството, кој заврши нерешено 1-1. На 26 октомври, на своето деби во Лигата на шампионите против , Естигор го постигнал својот прв гол во дресот на Наполи (воедно и во натпреварувањето), затресувајќи ја мрежата на шкотите за конечнте 3-0 во корист на Наполи. На 4 мај 2023 година, по ремито на Наполи на гостувањето кај (1-1), тој го освоил скудетото, што била првата титула во неговата кариера.
На 30 септември 2023 година, тој го постигнал својот прв гол во италијанското првенство, отворајќи го резултатот во натпреварот од седмото коло на Серија А добиен во гости против Лече со 0-4. Тој го повторил подвигот четири дена подоцна во натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, иако неговиот Наполи на крајот претрпел пораз од 2-3. Тој го завршил своето искуство во Кампанија по две сезони, во кои одиграл вкупно 43 натпревари и постигнал 3 гола.
Рен и Хофенхајм На 30 јули 2024 година, Естигор се преселил во Рен во Лига 1 за 7 милиони евра, потпишувајќи договор до 2027 година. Своето деби го направил на 18 август против Лион во победата со 3-0, играјќи ги сите 90 минути во тој натпревар. На 1 септември, за време на натпреварот против , го постигнал својот прв гол за Рен на асистенција на Лудовик Блас, но неговата екипа на крајот го загубила натпреварот со 1-2.
После само шест месеци, во кои одиграл вкупно 18 натпревари и постигнал еден гол за Рен, Естигор бил испратен на позајмица до крајот на сезоната во , која бил официјализана на 3 февруари 2025 година. Дебитирал во Бундеслигата пет дена подоцна, играјќи го целиот натпревар, загубен на домашен терен од со 0-4. На 5 април 2025 година, во поразот со 3-1 на гости кај РБ Лајпциг, Естигор бил исклучен добивајќи директен црвен картон за извршување на професионален фаул над напаѓачот Лоис Опенда. Своето искуство во Бундеслигата го завршил по крајот на сезоната 2024-2025, во која запишал 11 настапи без постигнат гол.
Враќање во Џенова На 29 јули 2025 година, тој се вратил на позајмица во . На 3 ноември, тој го постигнал својот прв гол за „грифоните“, и тоа во 93-тата минута за победата од 1-2 на гости против , што бил првиот успех на тимот во тековното првенство. Откако постигнал четири гола и имал една асистенција во 17 настапи во првиот дел од сезоната, на 31 јануари 2026 година, тој бил официјално откупен од Лигурците, за сума од 2,5 милиони евра.
Репрезентативна кариера 200px|thumb|right|Естигор играјќи за Откако ја претставувал Норвешка во сите младински категории (од репрезентацијата под 16 години до онаа под 20 години), на 28 август 2018 година, го добил првиот повик во репрезентацијата под 21 година за натпреварот против Азербејџан на 16 октомври истата година, во рамките на квалификациите за Европското првенство 2019; на тој натпревар, кој завршил со нерешен резултат 1-1, ги одиграл сите 90 минути.
На 25 март 2022 година, дебитирал за сениорската репрезентација во пријателскиот натпревар против , кој Норвешка го добила со 2-0. На 17 ноември истата година, во пријателскиот натпревар против , кој го добила со 1-2, го постигнал својот прв гол во дресот на репрезентацијата.
Во летото 2026 година, Естигор бил повикан од селекторот Столе Солбакен за Светското првенство 2026. На 16 јуни, на своето деби на Мундијалите, тој го постигнал својот прв гол во победата со 4-1 над Ирак во групната фаза – гол што бил негов втор гол за репрезентацијата прв по пауза од речиси 4 години. Тој настапил на пет од шест натпревари на турнирот, на кој норвежаните стигнале до четвртфиналето.
Хронолоогија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 16 август 2026. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017 ЕС 1 0 КН 0 0 - - - - - - 1 0 јан.-мар. 2018 ЕС 0 0 КН 0 0 ЛЕ - - - - - 0 0 Вкупно Молде 1 0 0 0 - - - - 1 0 мар.-јун. 2018 1Д 11 0 КН 2 0 - - - - - - 13 0 2018-2019 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 0 0 2019-2020 2Б 28 1 КГ 1 0 - - - - - - 29 1 2020-2021 ФЛЧ 39 3 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 40 3 2021-јан. 2022 ФЛЧ 13 1 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 15 1 јан.-јун. 2022 А 15 0 КИ 1 1 - - - - - - 16 1 2022-2023 А 7 0 КИ 1 0 ЛШ 3 1 - - - 11 1 2023-2024 А 25 1 КИ 1 0 ЛШ 4 1 СИ 2 0 32 2 Вкупно Наполи 32 1 2 0 7 2 2 0 43 3 2024-јан. 2025 Л1 16 1 КФ 1 0 - - - - - - 17 1јан.-јун. 2025 Хофенхајм БЛ 11 0 КГ 0 0 - - - - - - 11 0 2025-2026 А 30 5 КИ 1 0 - - - - - - 31 5 2026-2027 А 0 0 КИ 1 0 - - - - - - 1 0 Вкупно Џенова 45 5 3 1 - - - - 48 6 Вкупно во кариерата 196 12 12 1 7 2 2 0 217 15
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Норвешка2022912023100202490202560202691Вкупно432
Титули Клупски Наполи Серија А : 1 2022-2023
Наводи
Надворешни врски
Лео Естигор на soccerway Лео Естигор на transfermarkt Лео Естигор на espn Лео Естигор на whoscored
Категорија:Норвешки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Молде Категорија:Фудбалери на ФК Брајтон енд Хоув Албион Категорија:Фудбалери на ФК Санкт Паули Категорија:Фудбалери на ФК Ковентри Сити Категорија:Фудбалери на ФК Стоук Сити Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Фудбалери на Хофенхајм Категорија:Луѓе од Молде Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026