Ranunculus rumelicus — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по тревести места во потоплите делови, главно во котлините. Познат за Скопско, Кумановско, Прилепско, Кочанско, Струмичко, Гевгелиско, Охридско, Струшко, Преспанско, потоа за планините Китка и Галичица. Се посочува и за долината на Црна Река и Дојранско.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 132, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение, со тенки кончести и цилиндрично или јајцевидно задебелени корења. Стеблото е високо 10-35 см, единечно, во горниот дел слабо разгрането. Листовите се со густи прилегнати влакна, особено на долната страна. Цветните дршки се долги, и влакнести. Цветовите се 20-30 мм во пречник, чашкините ливчиња густо влакнести за време на цветањето свртени наназад.

Наводи