Многулисно лутиче (науч. Ranunculus millefoliatus) — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae. Расте по суви тревести пасишта, камењари, покрај грмушки, и тоа во пониските делови.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а за Македонија се наведува за Скопско, Водно, Скопска Црна Гора, Катланово, Китка, Буковиќ, Мавровско, Бистра, Дабничка Планина, Охридско, Дебарско, Гевгелиско, Битолско, Таорска Клисура, Жеденска Клисура, пота покрај реките Треска, Пчиња, Тополка, Радика и на други места.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 134, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение со тенки и грутчесто задебелени корења. Стеблото е високо до 30 см, обично е неразгрането и препокриено со густи кадрави влакна. Цветовите се 20-25 мм во пречник, чашкините ливчиња се голи, расперени и прилегнати кон венчето. Ливчињата на венчето се жолти, издолжено обратно јајцевидни.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа