Clematis flammula е вид цветно растение од семејството лутичиња,Ranunculaceae. Ова листопадно растение ползавец потекнува од јужна Европа и северна Африка, но се одгледува низ целиот свет како украсно растение во градините. Има миризливи бели цветови и мали зелени ахени. Кога цветовите се штотуку отворени, тие имаат силен мирис на сладок бадем. Clematis × aromatica, миризливата клематис, е резултат на вкрстување со Clematis integrifolia.

Clematis flammula е популарен вид кај градинарите како декорација покрај огради и решетки или како покривка за земја. Ако нема други растенија или структури на кои може да се искачува, ќе се искачи само по себе, формирајќи голема, густо заплеткана грмушка. Растението испушта многу изданоци и може да достигне висина од над пет метри.

Во некои области, овој вид станал проблем по неговото воведување. Тоа е плевел надвор од градините и уредените површини.

Clematis flammula var. maritima е поиздржлива сорта која е прилагодена на песочни дини. Моментално се изучува како средство за стабилизација на почвата на еродирани песочни плажи.

Во Македонија расте по грмушки, шикари, особено во заедница со прнарот. Се среќава во потоплите делови, а се искачува и повисоко на планините. Ова растение го има во: Гевгелиско, падините на Кожуф, Демиркаписко, Охридско, Пештани, Трпејца и Дебарско.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 112, МАНУ, Скопје, 1985

Наводи

Надворешни врски

Clematis flammula во Топвокс Профил на растенија од USDA Референци

Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Либан Категорија:Флора на Африка Категорија:Флора на Македонија