Многуцветно лутиче () — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.
Неговиот домороден опсег е од Европа, а расте и во Македонија по ливади, тревести места и покрај грмушки. Се среќава главно во котлините низ Македонија.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 120, МАНУ, Скопје, 1985
Опис Многугодишно тревесто растение со кус вертикален ризом. Корењата се собрани во снопче и слабо задебелени. Стеблото е високо 40-80 см, во горниот дел силно разгрането. Цветните дршки се нежни, круглести, цветовите се во голем број, венчето жолто, цветната ложа гола.
Наводи
Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа