мини| Во ливада Anemonoides sylvestris (syn. Anemone sylvestris) е повеќегодишно растение кое цвета напролет, по потекло од ливади и суви листопадни шуми во централна и западна Европа и умерена Азија. Понекогаш агресивно се шири.

Опис Видот расте до 46 см во височина со бели цветови кои цветаат во април. Цветовите имаат пет ливчиња со жолти прашници во центарот, и се миризливи.

Живеалиште и распространетост Anemonoides sylvestris е широко распространет во Централна Европа, првенствено во котлинските до потпланинските зони, а сè повеќе и во низините подалеку на исток. Неговата широка распространетост се протега од Франција и Централна Европа, преку Балканот и Мала Азија, па сè до Кавказ. Од Источна Европа, видот се протега низ јужен Сибир до Монголија и северна Кина.

Во Македонија расте по суви, тревести и каменливи места, и тоа пред сè на варовник. Ова е ретко растение во Македонија, познато само за Дуб и околината.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 108, МАНУ, Скопје, 1985

Специјален статус на заштита Поради намалувањето на неговото природно живеалиште, овој вид се смета за загрозен и е активно заштитен во неколку земји, како што се Бугарија, Франција, Германија, Полска и Швајцарија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија