Struthiopteris spicant, syn. Blechnum spicant ― вид папрат од семејството Blechnaceae.

Опис Како и некои други видови во семејството Blechnaceae, има два вида листови. Стерилните листови имаат рамни, брановидни маргини на ливчињата, додека плодните листови имаат многу потесни ливчиња, секое со два дебели реда сори на долната страна.

Таксономија Видот првпат е опишан во 1753 година од Карл Линеј како Osmunda spicant. Сместен е во широк спектар на родови, вклучувајќи го и Blechnum (како Blechnum spicant). Во класификацијата на групата за филогенија на птеридофити од 2016 година (PPG I), се наоѓа во родот Struthiopteris, во потсемејството Blechnoideae.

Латинскиот специфичен епитет spicant е од неизвесно потекло.

Распространетост и живеалиште Потекнува од Европа, западна Азија, северна Африка и западна Северна Америка.

Во Македонија Во Македонија се развива по влажни и засенчени места во појасот на буковите и иглолисните шуми. Не е многу често растение, а познато е за планината Јакупица, околу Кадина Река, Дудица и околината на Пехчево. Видена е на Шар Планина, Караорман, Кожуф, Ниџе и Пелистер.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 73, МАНУ, Скопје, 1985

Употреба Коренот, изданоците и листовите можат да се готват во време на глад.

Ја доби наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.

Наводи

Надворешни врски

Видео снимка од Struthiopteris spicant

Категорија:Папрати Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа