Thymelaea passerina, е вид скриеносеменица од семејството Thymelaeaceae. Потекнува од централна и јужна Европа, Блискиот Исток, Централна Азија, западните Хималаи и Шјинџијанг во Кина, а е воведено и во централна Северна Америка и во Јужна Австралија. Едногодишно растение кое обично се наоѓа во степи, нарушени области и стари полиња.

Опис Едногодишно растение, со вертикално стебленце 15-50 цм високо, тенко, неразгрането или слабо разгрането, со долги вертикални гранчиња, голо, поретко со ретки, прилегнати влакна.

Листовите линејно-копјести, 5-20 мм долги, 1-2 мм широки, приседнати, голи или со ретки прилегнати влакна на долната страна, целокрајни, на врвот заострени.

Цветовите хермафродитни, поединечни или по неколку во пазувите на листовите, со многубројни, долги, свиленкасти влакна во основата околу нив и со 2 наспрамни јајцевидно-копјести, голи или влакнести.

Прицветниците долги околу 2-3 мм.

Перијантот 2,5-3 мм долг, цилиндричен, жолтеникаво-зелен, по површината со прилегнати влакна, во горната четвртина насечен на 4 дела, а деловите тапи. Прашниците 8 по 4 во 2 реда.

Плодникот во горниот дел влакнест, столпчето кусо. Семките 2-3 мм долги, јајцевидни, со заострен врв и црни.

Распространетост во Македонија Thymelaea passerina е широко распространет вид во Македонија, и расте по брдски пасишта, камењари, тревести места и во клисурите до 100 м. надморска височина.

Наводи

Категорија:Флора на Пакистан Категорија:Флора на Кувајт Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Белорусија Категорија:Флора на Македонија