Drypis spinosa е цветен растителен вид од семејството Caryophyllaceae.

Опис Ова е повеќегодишно тревесто растение, кое достигнува 8-30 см во висина. Има многубројни и разгранети голи, четириаглести стебленца. Цветовите се групирани во многу правилни густи дихазиуми. Чашката е цилиндрично кожеста, во основата белузлава. Венечните ливчиња се бели или светлорозеви, подолги од чашката, плодникот е со три столпчиња, а плодната кутијка е јајцевидно елиптична, обвиена од чашката, се отвора со едно капаче и содржи една до две семки. Семките се округлести и сплескани.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 347-348

Распространетост и живеалиште Расте по варовнички сипари и камењари, на надморска височина од 1400 до 2500 метри.

Во Македонија ја има на Шар Планина, Стогово, Бистра, Галичица. Се посочува и за Кораб и Јабланица.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Каранфили Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа