Teucrium scordium е вид цветно растение кое припаѓа на семејството Lamiaceae.

Опис Повеќегодишно тревесто растение, со ползечки изданоци, 10-55 см во висина. Стеблото е вертикално или се издигнува, со прости, меки, долги влакна. Листовите се јајцевидни, елиптични, долги 10-35 мм, широки 5-20 мм. Цветовите имаат до 3 мм долга дршка, собрани по 2-6 во пазувите на листовите. Венчето 7-10 мм во должина, црвеникаво или розикаво, влакнесто.Владо Матевски: Флора на РС Македонија, МАНУ, Скопје, 2021 г., том 2, свеска 2, стр. 215

Распространетост и живеалиште Расте на влажни места, покрај реки, езера, мочуришта, влажни ливади, оризови ниви, и на надморска височина до 700 метри.

Неговиот опсег е од Европа до Кина.

Во Македонија го има во Скопје, во селата Љубин, Глумово, Петровец. Се посочува за Битола, Демир Капија, Струмица, Охрид и Прилеп.

Галерија

Наводи

Категорија:Флора на Малта Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Кина