Dianthus cruentus (син. Dianthus calocephalus), познат како крвав каранфил, — вид цветно растение од семејството Caryophyllaceae. Природно се среќава во југоисточна Европа, Македонија, Турција, Закавказ и Иран, а е донесен и во Шведска.
Опис и распространетост мини|лево|Молец (Macroglossum stellatarum) кој се храни со нектарПолузимзелено повеќегодишно растение што достигнува височина до 60 см, обично се среќава на сончеви места. Стеблото е четириаглесто и без влакненца. Базалните листови се групирани во снопчиња, долги до 15 см, тесни и линејни, широки 1,5–3 мм., без влакненца, рабовите им се рапави, можат да бидат плоснати или здиплени, а врвот постепено се заострува. По должината на стеблото има 3–4 пара линејни, плоснати листови; ракавците се околу седум пати подолги отколку широки. Цветовите се бројни и формираат густи главичести соцветија. Прицветниците се со кратки густи влакненца, кафеави и кожести, издолжено јајцевидни, со осил кој е еднаков на должината на чашката. Лушпите на чашката се долги околу 6 mm и широки 4 мм, обратно јајцевидни, со тап врв и набрчкани рабови, темнокафеави, со густи влакненца по површината; нагло преминуваат во тенок кончест осил, покус или еднаков со лушпата, кој допира до врвовите на запците. Чашката е долга 12–18 мм. и широка 3–4 мм., пурпурна, во средината поширока, а во горниот дел со ситни прилепени влакненца; запците се долги 4 мм., широки 1,2 мм. во основата, тесно триаглести и шилести на врвот. Ламината на венчето е долга 5–8 мм. долга, пурпурна, назабена, во основата влакнеста.
Расте на варовнички и гранитни карпи, каменливи и тревести места, како и во дабови и букови шуми, на височини од 900 до 2500 метри.
Ценет поради своите крвавоцрвени цветови и пријатна миризба, широко е достапен кај комерцијалните снабдувачи.
Во Македонија растението е широко распространето.
Варијабилност Dianthus cruentus subsp. cruentus - Лушпите на чашката се темнокафеави;осилот е значително подолг од лушпата и допира до основата или до врвот на чашкините запци. Ламината на венчето е гола и пурпурна. Се среќава на: Шар Планина, Дешат, Осогово, Галичица, Илинска и Плакенска Планина, Скопска Црна Гора, Ресен, Прилеп, Македонски Брод, Дебар, клисурата на реката Радика. Dianthus cruentus subsp. turcicus - Лушпите на чашката се светлокафеави или речиси белузлави; осилот е еднаков по должина со нив или покус и допира до средината на чашката. Ламината на венчето e розово-црвена и во основата влакнеста. Се среќава во: Мариово, Валандово, Гевгелија, Штип, Дојран и Таорска Клисура.
Галерија
Наводи
Категорија:Флора на Иран Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Албанија Категорија:Градинарски растенија Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија