мини|Карта на Сахул со Сунда. Сахул исто така наречен Сахулија, Меганезија, Голема Папуа и Голема Австралија ― праконтинент што ги опфаќал денешните копнени маси на копнена Австралија, Тасманија, Нова Гвинеја и островите Ару.

Сахул се наоѓал во југозападниот Тихи Океан, сместен приближно од север кон југ помеѓу екваторот и 44. јужен напоредник и од запад кон исток помеѓу 112. и 152. источен меридијан. Сахул бил одделен од Сунда на запад од Воласовиот Архипелаг. На најголема површина, кога нивото на океанот било на најниско ниво, тој изнесувал приближно 10,600,000 км2 во големина.

Делови од Сахул постојано се појавувале и потопувале во текот на плеистоценската епоха, почнувајќи од пред околу 2,6 милиони години.}} Ледничките циклуси - првично со темпо од ~41.000 години, а подоцна од ~100.000 години - довеле до флуктуации на нивото на морето до ~120 м. Секоја ниска водна точка го изложувала континенталниот гребен на Сахул, со реконструкции кои покажуваат копнени врски кои датираат од пред најмалку ~250.000 години, а веројатно и многу порано. Најновото зголемување на нивото на морето, на крајот од последното ледено доба, ја создало современата конфигурација: Нова Гвинеја се одвоила од копнена Австралија пред околу 8.000 години, а Тасманија пред околу 6.000 години.

Сахул бил домаќин на голем број уникатни фауни кои се менувале независно од остатокот од светот. Најзначајно е што речиси сите цицачи на Сахул биле торбари, вклучувајќи низа брестачи, дупкари, мршојадци и грабливци; лилјаците и глодачите ги претставувале единствените плацентални цицачи.

Проценувано е дека луѓето првпат се доселиле во Сахул пред најмалку 65.000 години, преминувајќи го океанот од Сунда преку Воласеја.https://www.nma.gov.au/defining-moments/resources/evidence-of-first-peoples Од Сахул луѓето се прошириле низ Океанија.

Употреба Археолозите го користат името Сахул, а зоогеографите имаат тежнеење да го користат името Меганезија. Името Голема Австралија било користено и било критикувано како „картографски империјализам“ бидејќи става поголем нагласок на она што сега е државата Австралија на сметка на островот Нова Гвинеја.

Поврзано

Список на праконтиненти Воласова Линија

Забелешки

Наводи

Фусноти

Библиографија

Категорија:Индиски Океан Категорија:Јужен Океан Категорија:Тихи Океан Категорија:Азија-Тихоокеанија Категорија:Историја на Океанија Категорија:Древни континенти Категорија:Австралија (континент)