Орљак — археолошко наоѓалиште во кумановското село Канарево. Претставува кастел од доцноантичкото време. На карпест рид висок 670 метри, оддалечен околу 1,5 километри од селото се гледаат остатоци од ѕидови на кружно утврдување, темели од објекти, издлабени дупки во карпата (лежишта на потпирачи на покривна конструкција), како и голем број фрагменти од керамички садови.
Поврзано
Голо Брдо — населба од железно и доцноантичко време;
Град — утврдена рударска населба од доцноантичко време и средниот век; Канарево; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско.
Наводи