мини|Мирче Ацев — меѓу најзначајните членови во семејството Ацеви — значајно револуционерно семејство во историјата на македонскиот народ. Просветителни и револуционерни активни со 160 годишен постојаност. По потекло од селото Ореовец, Прилепско. Родоначалник на семејството е Аце Хаџи Константинов кој потекнува од семејството Симоновци, староседелско семејство во селото со седум куќи според Јован Трифуноски. Во борбата за Македонија прв пат се пријавиле во предилинденскиот период. Кога била формирана Македонската револуционерна организација различни членови од семејството се приклучиле. Во семејството три биле војводи, двајца народни херои на Македонија и една градоначалничка на градот Скопје. Сѐ вкупно семејството дало 14 жртви и шест генерации на борци за македонското национално движење.

Историја Семејството Ацеви е изданок на родот Симоновци. Родоначалник на родот Симоновци е Симон, неговиот татко бил кмет на селото Ореовец меѓу крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. Кога починал татко му Симон станал главен организатор на востаничка група покрај прилепскиот крај. После долготрајни активности Симон бил ликвидиран од турскиот башибозук. Неговиот едиствен син Хаџи Костадин Симонов ги наследил неговите функции и продолжи да се бори за ослободувањето на Македонија од турска робија. Хаџи Костадин, исто како татко му ја доживеал истата судбина. Хаџи Костадин имал шест деца: Јонче, Иле, Диме, Тасе, Ристе и Аце. Последното дете именуван Аце Хаџи Константинов се смета за родоначалник на семејството Ацеви.

Аце Хаџи Константинов како неговите предци доживеал сурова судбина, предаден и убиен од торбеши кои соработувале со Отоманското Царство во тиквешкото село Сирково. Аце Хаџи Константинов имал четири сина, најстариот бил Мирче Ацев (1859 — 1901) познат по псевдонимот Оровчанец поради неговото потекло. Мирче соработувал со Македонската револуционерна организација и во Битката кај селото Упанци бил ликвидиран од турски аскери. Вториот најстар син бил Петар Ацев (1877 — 1939) познат по псевдонимот Дедо Петар. Соработувал со МРО како неговиот постар брат, учествува во Илинденското востание и подоцна во крвавата битка на Ножот. После востанијата и војните Петар се преселува во Бугарија каде што соработува со Илинденската организација и Македонците во Бугарија сѐ до неговата смрт.

Третиот син е Ѓорѓи Ацев (1883 — 1906), познат како Гога во некои постари историски трудови. Матурант од Скопското педагошко училиште и војвода за МРО. Редовно се судирал со претставници од странските пропаганди во Македонија. Учесник во Илинденското востание, трагично загинал во судир кај селото Крапа со четата на србоманот Григор Соколовиќ. Голем дел од документацијата во Бугарската и Македонската историографија наведуваат дека Аце Хаџи Костантинов имал само три сина, но всушност тој имал четири. Последниот и најнепознатиот е Донче или Доне Ацев, тој бил едиствениот од браќата кој имал деца. Донче Ацев помогнал во снабдувањето на неговите постари браќа.

Дончо Ацев заедно со неговата жена Пара Ацева имале седум деца, пет женски и два машки. Од тие седум деца пет од нив го доживеале нивното детство и тие се Цветанка, Менка, Вера Ацева, Димче и Мирче Ацев. Мирче Ацев (1915 — 1943), меѓу најзначајниот претставник на семејството. Македонски партизан и учесник во народноослободителната војна во Македонија. Член на Комунистичката партија на Југославија, после Втората светска војна Мирче Ацев е прогласен за народен херој на Македонија. Доживеал сурова судбина кога бил мачен од бугарските фашистички окупатори. Вера Ацева (1919 — 2006) еден од седумте жени прогласани за народни херои на Југославија, учесник во Втората светска војна и секретарка на Методија Шаторов Шарло. Димче Ацев бил помладиот брат во семејството, загинал за време на февруарскиот поход во состав на Првата македонско-косовска ударна бригада. За време на војната Дончо и Пара биле интернирани во Бугарија.

Семејство Таткото на Симон Симон Хаџи Костадин Симонов Јонче Хаџи Константинов Иле Хаџи Константинов Диме Хаџи Константинов Тасе Хаџи Константинов Ристе Хаџи Константинов Аце Хаџи Константинов Мирче Ацев Петар Ацев Ѓорѓи Ацев Дончо Ацев (во брак со Пара Ацева) Мирче Ацев Вера Ацева Димче Ацев Цветанка Ацева Менка Ацева

Наводи

Категорија:Ацеви Категорија:Македонски семејства