мини|Википе-тан неуспешно составува 3D-сложувалка Доџико () — во терминологијата на поткултурата отаку, се однесува на исклучително несмасна девојка („доџи“ на јапонски значи „промашување“, „грешка“). Доџико се користи како стандарден архетип во јапонските лесни романи, аниме и манга.Kazuma Shinjō. ライトノベル「超」入門 (неопр.). — SoftBank Creative[англ.], 2006. — стр. 150. — ISBN 4797333383.
Зборот може да се напише и како „ドジっ子“. Во тој случај, може да се однесува и на машки ликови. мини|261x261пкс|Доџико истура послужавник со октопод и салата Како по правило, таквата девојка е убава и привлечна, или толку симпатична, невина и безопасна што читателот/гледачот треба да ја засака. Неволји ѝ се случуваат одново и одново во секојдневните дејности и на училиште, како на пример при домашни работи, учество во спортски натпревари, па дури и само додека пешачи. Таа често паѓа, удира во нешто или се сопнува од најниски пречки. И покрај тоа што се разочарува и дразни од своите незгоди, доџикото секогаш ја покажува својата најдобра страна и жали што им прави непријатности на другите и создава неред. Примери за несмасни ситуации што ѝ се случуваат на доџикото вклучуваат: лизгање на скали, истурање пијалак, кршење чинија додека опслужува муштерии, како и други слични комични ситуации.
Иако во аниме, видеоигри и други дела што се дел од поткултурата отаку, симпатичната несмасност е една од својствата на ликовите на стилот мое наменети за машката публика да се вљуби во нив, главните ликови од шоџо-мангите (т.е. манги за девојки) исто така често се доџико; примери се Хироми Ока во Aim for the Ace! и Усаги Цукино во Сејлор Мун.
Привлечноста кон ликовите доџико се нарекува доџико-мое (јап. ドジっ娘萌え).Keishi, Aoki. Sekai wa gomibako no naka ni : makku no gomibako kara hajimaru nettowākujō no haipā tekisutōku bunkaron (неопр.). — Sagamihara: Gendai Tosho, 2005. — С. 115. — ISBN 4434056786.
Наводи
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Поими во аниме и манга