Итан Ампаду (роден на во ) — велшки фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Лидс Јунајтед и на велшката репрезентација.

Биографија Итан е син на поранешниот ирски фудбалер, со ганско потекло, Квами Ампаду. Државјанството на Велс го добил благодарение на корените на неговата мајка.Why Manchester United FC target Ethan Ampadu chose Wales over England walesonline.com

Клупска кариера Ампаду е роден во Ексетер, каде и ја започнал својата кариера во истоимениот клуб. Дебитирал за првиот тим на Ексетер Сити на 9 август 2016, во победата со 1-0 над Брентфорд во првото коло на Лига купот, играјќи ги сите 120 минути и бил прогласен за играч на натпреварот; со тој настап, тој исто така, станал најмладиот дебитант на клубот (на возраст од 15 години и 10 месеци), со што го урнал претходниот рекорд на Клиф Бастин, кој стоел 88 години.Who is Ethan Ampadu? Wales face tug-of-war with England over 15-year-old wonder dubbed a cross between Aaron Ramsey and Joe Allen walesonline.com Една недела подоцна, тој го имал своето првенствено деби во Лига Два.

thumb|200px|left|Ампаду со Челси во 2017 На 1 јули 2017 година, Ампаду потпишал за Челси, за кого дебитирал на 20 септември, во натпреварот од Лига купот добиен со 5-1 против Нотингем Форест, заменувајќи го Сеск Фабрегас во 56-тата минута; ова го направило деветтиот најмлад дебитант во историјата на „сините“ и прв од 2007.ETHAN AMPADU BECOMES YOUNGEST CHELSEA PLAYER IN OVER A DECADE goal.com

Откако го продолжил договорот со Челси до 2023 година, не можејќи да добие многу простор во првиот тим, почнувајќи од 2019 година тој бил редовно испраќан на позајмици играјќи за во Бундеслигата, за во Премиер лигата, како и со италијанските клубови и во Серија А, испаѓајќи од лигата и со двата клуба на крајот од сезоните. Играјќи за Специја, токму во баражот за опстанок против (1-3), го постигнал својот прв гол во кариерата.

На 19 јули 2023 година, Ампаду потпишал четиригодишен договор со , кој за неговите услуги платил 7 милиони фунти. Во сезоната 2024-2025, Ампаду бил капитен на Лидс и со 29 настапи го предводел клубот до промоција во Премиер лигата, освојувајќи ја титулата во Чемпионшип.

Репрезентативна кариера Ампаду избрал на репрезентативно ниво да го претставува , иако исто така имал право да игра и за , и .

На 26 мај 2017 година, на 16-годишна возраст, Ампаду бил повикан во сениорската репрезентација на Велс пред нивниот квалификациски натпревар за Светското првенство против Србија. Тој бил повикан повторно на 1 ноември 2017 година во пресрет на пријателските натпревари против Франција и Панама, и го направил своето деби на 17-годишна возраст, на 10 ноември 2017 година, против Франција на Стад де Франс, влегувајќи како замена за Џо Ледли во 63-тата минута.

Во мај 2021 година, Ампаду бил избран во составот на Велс за одложениот турнир, Европското првенство 2020. На 20 јуни, во 55-тата минута од поразот со 1–0 од Италија, тој добил директен црвен картон за задоцнет старт над Федерико Бернардески, со што станал најмладиот играч кој бил исклучен на Европското првенство.

Во ноември 2022 година, тој бил повикан и за Светското првенство 2022 во Катар,2022 Wales World Cup squad каде играл во сите три натпревари во групата, после која „змејовите“ биле елиминирани.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 27 мај 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-2017 Ексетер Сити ФЛ2 8 0 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - ТФЛ 2 0 13 0 2017-2018 Челси ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 3+3 0 ЛШ 00 - - - 7 02018-2019 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛЕ 3 0 КШ 0 0 5 0Вкупно Челси 1 0 8 0 3 0 0 0 12 02019-2020 РБ Лајпциг БЛ 3 0 КГ 1 0 ЛШ 3 0 - - - 7 02020-2021 Шефилд Јунајтед ПЛ 25 0 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - - - - 29 0 2021-2022 Венеција А 29 0 КИ 1 0 - - - - - - 30 02022-2023 Специја А 31+1Бараж за опстанок 0+1 КИ 2 0 - - - - - - 34 12023-2024 Лидс Јунајтед ФЛЧ 46+3Во плејофот. 0 ФАКуп+ЛК 3+2 2+0 - - - - - - 54 22024-2025 ФЛЧ 29 0 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 32 0Вкупно Лидс Јунајтед 75+3 0 8 2 0 0 0 0 86 2Вкупно во кариерата 172+4 1 27 2 6 0 2 0 211 3

Титули Клупски Челси ФА Куп : 1 2017-2018 Лига Европа : 1 2018-2019 Суперкуп на УЕФА : 1 2021

Лидс Јунајтед Фудбалска лига на Англија Чемпионшип : 1 2024-2025

Наводи

Надворешни врски

Итан Ампаду на soccerway Итан Ампаду на transfermarkt Итан Ампаду на espn Итан Ампаду на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Велшки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на РБ Лајпциг Категорија:Фудбалери на ФК Шефилд Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Венеција Категорија:Фудбалери на ФК Специја Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед