Џек Лука Хиншелвуд (роден на 11 април 2005, во Чичестер) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на и на англиската репрезентација под 21 година.

Биографија Потекнува од семејство на фудбалери: неговиот прадедо Воли, дедо Пол, татко Адам, прачичко Мартин и братучед Дани сите биле професионални фудбалери..

Технички карактеристики Израснат како централен играч од средниот ред, улога каде што најдобро ги изразува своите технички квалитети, под водството на тренерот Роберто Де Ѕерби тој бил користен и во други улоги како дефанзивен играч за врска, крило и десен бек. Вешт е со топката во нозете, одличен во фазата на затворање на противникот, а често се обидува да учествува и во офанзивниот маневар со уфрлувања.

Клупска кариера Хиншелвуд ја започнал својата кариера во , каде што минувајќи ги сите младински категории го потпишал својот прв професионален договор на 14 април 2023 година. Своето деби за првиот тим го имал на 28 мај истата година, во поразот со 2-1 од во Премиер лигата. Тоа бил неговиот единствен настап со првиот тим за сезоната 2022-2023.

Следната сезона, тој играл повеќе забележувајќи вкупно 17 настапи и 3 гола за Брајтон. На 6 декември 2023 година, тој го постигнал својот прв професионален гол во победата со 2–1 над .

Репрезентативна кариера Хиншелвуд играл за младинските селекции на Англија под 18, под 19 и под 21 година.

Во 2025 година, бил повикан во репрезентацијата под 21 година да учествува на Европското првенство во категоријата одржано во Словачка.

Статистика Клупска статистика Статистикатѕа е ажурирана на 16 јуни 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2022-2023 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - 1 0 2023-2024 ПЛ 12 3 ФАКуп+ЛК 2+1 0 ЛЕ 2 0 - - 17 3 2024-2025 ПЛ 26 5 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - - 31 5 2025-2026 ПЛ 15 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - 18 1Вкупно во кариерата 54 9 11 0 2 0 - - 67 9

Титули Англија под 21 година Европско првенство за играчи под 21 година : 1 2025

Наводи

Надворешни врски

Џек Хиншелвуд на espn Џек Хиншелвуд на soccerway Џек Хиншелвуд на transfermarkt Џек Хиншелвуд на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Брајтон енд Хоув Албион Категорија:Родени во 2005 година