Матеуш Гонсало Еспања Фернандеш (роден на 10 јули 2004 година, во Ољао) — португалски фудбалер, на и на португалската репрезентација под 21 година.
Клупска кариера Фернандеш започнал да игра фудбал во локалниот клуб Ољаненсе, од каде се преселил во младинската академија на во 2016 година. Пред почетокот на сезоната 2021-2022, тој бил промовиран во Б-тимот. На 14 октомври 2022 година, Фернандеш потпишал професионален договор со клубот со важност до 2027 година, со вклучена откупна клаузула во вредност од 60 милиони евра. На 22 октомври 2022 година, тој го имал своето деби за првиот тим на Спортинг влегувајќи како доцна замена во победата на „лавовите“ од 3–1 над во првенството.
На 29 август 2023 година, Фернандеш заминал на едногодишна позајмица во . Дебитирал во новиот дрес на 3 септември, влегувајќи како замена во поразот од 1-2 на домашен терен против . Својот прв и единствен гол со Ешторил, Фернандеш го постигнал за победата со 1-0 над на 4 февруари 2024. Сезоната ја завршил со 35 настапи и еден гол.
На 20 август 2024 година, Фернандеш бил купен од новопромовираниот клуб во Премиер лигата на Англија, Саутхемптон, потпишувајќи петгодишен договор. Своето деби за „светците“ го имал на 24 август, заменувајќи го Тејлор Харвуд-Белис во поразот со 1–0 на домашен терен од Нотингем Форест. Четири дена подоцна, го постигнал својот прв гол за Саутхемптон во победата од 5–3 на гости против Кардиф Сити во Лига купот. На 24 ноември 2024 година, тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во поразот со 2-3 на домашен терен од .
Репрезентативна кариера Фернандеш бил младински репрезентативец на Португалија во категориите под 18, под 19 и под 20 години.
Во август 2023 година, бил повикан од селекторот Руи Жорж во репрезентацијата под 21 година, за која дебитирал во победата со 3-0 над Андора во квалификациите за Европското првенство во категоријата. Во својот трет настап, тој го постигнал првиот гол за репрезентацијата под 21 година, во победата со 6-1 над Белорусија во истите квалификациите.
Откако Португалија се квалификувала за Европското првенство за играчи под 21 година 2025 во Словачка, Фернандеш бил повикан да учествува на истото.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 11 јуни 2024. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2021-2022 3Л 18 1 - - - УМЛ 8 2 - - - 26 3 2022-2023 3Л 18 1 - - - УМЛ 6 3 - - - 22 4Вкупно Спортинг Лисабон Б 36 2 - - 14 5 0 0 50 7 2022-2023 ПЛ 3 0 КП+ЛКП 0+2 0+1 ЛШ+ЛЕ 1+1 0 - - - 7 1 авг. 2023 ПЛ 1 0 КП+ЛКП - - ЛЕ - - - - - 1 0 Вкупно Спортинг Лисабон 4 0 2 1 2 0 0 0 8 1 сеп. 2023-2024 ПЛ 28 1 КП+ЛКП 3+4 0 - - - - - - 35 1 2024-2025 ПЛ 36 2 ФАКуп+ЛК 2+4 0+1 - - - - - - 42 3Вкупно во кариерата 104 5 15 2 16 5 0 0 135 12
Наводи
Надворешни врски
Матеуш Фернандеш на soccerway Матеуш Фернандеш на transfermarkt Матеуш Фернандеш на espn Матеуш Фернандеш на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Родени во 2004 година