Моето учество во револуционерните борби на Македонија (или само Спомени во постари научни трудови) — автобиографија на Александар Мартулков, истакнат македонски револуционер, политичар и еден од првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Делото е издадено во 1954 година од Институтот за национална историја. Книгата спаѓа во шестиот и последниот дел на серијалот Материјали за македонската национал-револуционерна историја. Првите три книги биле преведените спомени на Ѓорче Петров, Славејко Арсов и Јане Сандански од Љубомир Милетиќ. Четвртата книга ги истражувала Гоцевите писма и петтата книга ги преведила спомените на Лука Ѓеров и Лазар Димитров за револуционерните дејности во Јужна Македонија.
Книгата на Александар Мартулков, како другите во серијалот, е автобиографска и ги документира револуционерните дејства за време на петвековното турско ропство. Книгата е исклучителна во серијалот бидејќи таа не била претходно објавена од Милетиќ. Книгата претставува, според Ѓорѓи Абаџиев, сосем нов, свеж материјал. Делото е целосно напишано од Александар Мартулков, со исклучок на предговорот кое напишано од Ѓорѓи Абаџиев. Абаџиев во предговорот спомнал дека покрај староста на Мартулков тој сѐ уште имал добро сеќавање што му овозможило да даде богата перспектива за револуционерното движење во Велес.
Книгата е составена од 389 страници со 47 поглавја. Во книгата Мартулков дискутира за неговата младост, како под влијание на Васил Главинов тој се посветил кон социјализмот, неговото учество во македонската револуционерна организација и нејзиниот следбеник. Како им помогнал на Илинденците за време на нивното национално востание, неговите политички дејства во Царството Бугарија во однос со Македонците во државата, неговиот мандат како пратеник во бугарското собрание, неговото учество во Балканските војни и подоцна Првата светска војна, неговите дејства со весникот „Македонски знаме“ и за неговото учество во судскиот процес во Бугарија против ВМРО Обединета.
Вовед Нема податоци за кога било напишано делото, според еден историски труд објавен во 1950 година, историчарот Данчо Зографски спомнал како државниот архив во Скопје содржил необјавен ракопис од Мартулков без датум. Во 1952 година неговите спомени биле објавени во списанието Материјали за македонската национал-револуциона историја од Ѓорѓи Абаџиев. Иако е издадена во 1954 година, содржината на книгата прекинува во 1 септември 1939 година, денот кога почнала Втората светска војна. Некои историчари сметаат дека ракописите биле напишани околу 1930-тите и дека Абаџиев ги преведил подоцна. Oвие ставови се противречат со триесеттото поглавје на делото каде што Мартулков дискутира за стрелањето на Антон Попов, настан што се одвивало во втората половина на 1942 г., што тврди дека книгата најверојатно била напишана за време или брзо после војната.
Првична цена на книгата била 250 југословенски динари. Книгата доживеала делумен успех, поради тоа има примероци во странски државни библиотеки како во Грција, Бугарија, Црна Гора,Моето учество во револуционерните борби на Македонија Данска,Моето учество во револуционерните борби на Македонија / Moeto učestvo vo revolucionernite borbi na Makedonija (WorldCat) Германија, Франција, Холандија, Обединетото Кралство и Соединетите Држави, Денес книгата е пристапна во различни библиотеки низ Македонија како во Прилеп, Охрид, Тетово, Куманово, Скопје, Велес, Струмица, Струга итн.Моето учество во револуционерните борби на Македонија (Cobiss)
Освен неговите спомени Мартулков ја напишал брошурата „Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него“ издадено во Скопје. Има противречни наводи за кога било издадено, според Манол Пандевски, во еден од неговите трудови во 1987 г., делото било објавено во 1940 година, додека пак во 1983 г. тој спомнал дека брошурата била издадена во 1946 година. Мартулков е автор и на неколку статии, меѓу нив најпознатите се „Развитокот на социјалистичката мисла пред Илинденското востание“ објавено во весникот „Трудбеник' и „За Гоцета Делчев“. Пред Втората светска војна тој напишал неколку статии во весникот „Македонско знаме“. Мартулков издадол многу други дела после втората светска војна. Лични ставови на Мартулков во делото мини|325x325пкс|Портрет од Мартулков во книгата, носејќи ја Илинденската споменица. Во самиот предговор Ѓорѓи Абаџиев спомнал дека Мартулков ги вметна своите лични ставови кон различни теми поврзани со историјата на македонскиот народ низ книгата. Некои од ставовите на Мартулков, особено за Македонската револуционерна организација, се оспорени и противречни со денешните ставови на Македонската историографија. Во третото поглавје тој ја истакнал неговата поддршка кон постоењето на посебен македонски идентитет и јазик со геслото Народите имаат право на слободно самоопределување, Македонија на Македонците. Мартулков дополнително ја подржувал идејата за независна Македонска и Одринска држава. Сметал дека Македонците не можеа да се ослободат преку дипломатија туку со социјалистичка револуција. Дополнително додадол како Македонците не можеа да зависат од надворешни сили како Југославија, Грција и Царството Бугарија, ниту ни од надворешни организации. Иако се бореле за иста цел тој водел агитаторски маси во Македонската револуционерна организација.
Еден од најоспорените гледишта на Мартулков е во однос со Македонската револуционерна организација. Со разлика од спомените на други револуционери од истата едиција, Мартулков ја критикува организацијата. Во четиринаесетото поглавје Мартулков ја обвинува МРО дека го злоупотребиле теророт во Македонија со намера да си ја прошират организацијата. Кога открил дека неговите соработници, Никола Русински и Веле Марков, ја укинале социјалистичката организација во Битола како дел од нивната спогодба со Даме Груев тој им упатил писмо каде што остро ги критикувал. Смета дека ја продале социјалистичката цел за високи позиции во револуционерната организација. Мартулков верувал дека ако соработуваа со МРО нивното социјалистичко движење би ја изгубила нејзината особина. мини|231x231пкс|Документ за донација на спомените на Мартулков во Црна Гора. Покрај неговите критики за организацијата тој сѐ уште соработувал со нив во организирањето на Илинденското востание. Во Куманово соработувал со Никола Пушкаров и успеал да увези 60 пушки и 20 револвери заедно со 450 турски лири, Мартулков ја преустројствувал структурата на Кумановскиот револуционерен реон и го подобрил нејзиниот воен способност. Иако соработувал со организацијата пред и после Илинденското востание тој никогаш не се сметал себеси како дел од организацијата, во спомените наведи: „Може да се соработува со ВМОРО во извесни моменти кога се крстосуваа нашите интереси“. Покрај тоа Мартулков се приклучил во четата на Иван Наумов - Аљабакот во 1907 година. Тој дополнително ја критикува организацијата за нејзиното слабо учество во Грчко-турската војна во 1897 година, каде што спомнал: „Со прст не мрднаа“.
Мартулков во спомените нуди ново гледиште кон македонското прашање, според него, Македонското и Разловечкото востание биле организирани со цел да го воведат 23. член на Берлинскиот договор. Мартулков сметал дека поради тогашните скромни услови на револуционерното движење 23. член на договорот им било најсоодветната спогодба. Верува дека неуспесите на востанијата биле поради недостигот на надеж меѓу организаторите. Мартулков истакнува во неговите спомени како бил подржувач на автономија за Македонија и Одринско но после неуспесите на Илинденското востание тој се насочил кон нова цел — независна македонска држава. Тој смета дека неуспесите со Илинденското востание се поврзани со тоа што водачите немале надеж и поради тоа го формирале Задграничното претставништве.
Најострите критики на Мартулков се насочени кон Иван Михајлов и неговите соработници — михајловисти. Нивниот однос особено бил лош, поради тоа во јануари 1933 година михајловистите извршиле неуспешен обид на атентат врз Александар Мартулков. Мартулков особено го критикувал нивниот водач во весникот „Македонско знаме“ издаден меѓу 1932 и 1934 година. Во неговите спомени Мартулков го претстави Михајлов со зборовите: „Волк кој ги апи неговите противници“. Тој смета дека поради внатрешното мешање на Кирил Прличев, Георги Баждаров и Наум Томалевски Михајлов успеал да стане водач на Внатрешната македонска револуционерна организација.
Покрај неговиот непочит кон Македонската револуционерна организација тој сепак го признал големото влијание на Петар Поп Арсов, Гоце Делчев и Јане Сандански во револуционерното движење. Особено Гоце Делчев, поради тоа што го подржувал социјалистичкото движење. Повеќе лични сеќавања за Делчев ги споедил во неговата статија За Гоцета Делчев каде што понудил нов поглед во Делчевологијата. При неговото патување кон Бугарија околу втората половина на 1900-тите се запознал со војводата Мише Развигоров, во неговите спомени тој спомнал како Развигоров бил способен и одличен водач за МРО, дека со негово водство штипскиот регион станал поодпорен против Отоманската власт и дека бил понапред отколку серскиот округ под влијание на Јане Сандански.
Во неговите спомени Александар Мартулков редовно се восхитува кон дејствата на македонскиот социјалист Васил Главинов, според Мартулков и мнозинството на историски дела, тие секогаш биле во добар однос. Главинов имал големо влијание врз Мартулков особено во неговата младост. Мартулков ја споредува љубовта од Главинов со љубовта на татко спрема син. Поради неговиот престој во Велес околу 1894 година Главинов успеал да го убеди Мартулков да се приклучи во социјалистичкото движење. Јазични одлики Спомените содржат различни исклучителни јазични одлики што го разликува од другите историски трудови во тоа време. Мартулков понекогаш употребувал зборови од неговиот мајчин велешки дијалект. Поради неговиот долготраен престој во Бугарија неговиот речник паднал под бугарско влијание. Поради тоа понекогаш употребувал бугарски зборови. Како пример тој ја избегнува употребата на поимот државен удар во замена на бугарскиот збор преврат. Во еден од неговите забелешки Мартулков признава дека постапил грешно кога се преселил во Софија и му препорачал на Антон Попов да се насочи кон Белград. Интересен податок во спомените е тоа што кога некои зборува во српски јазик нивниот разговор воопшто не е преведен додека разговори воведени со турски, бугарски или хебрејски јазик се целосно преведени во македонски. Поврзано
Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него Александар Мартулков Список на литературни дела од Александар Мартулков
Наводи
Надворешни врски
Моето учество во револуционерните борби на Македонија, објавена од Македонска Држава
Категорија:Книги за Македонија Категорија:Појавено во 1954 година во Македонија Категорија:Александар Мартулков Категорија:Автобиографски книги Категорија:Книги од 1954 година Категорија:Книги за Првата светска војна