„Митологија: Безвременски приказни за богови и херои“ — книга напишана од Едит Хамилтон, објавена во 1942 година од „Литл, Браун и компанија“. Оттогаш била повторно издадена од неколку издавачи, вклучувајќи го и илустрираното издание по повод 75-годишнината. Прераскажува приказни од старогрчката, римската и нордиската митологија извлечени од различни извори. Воведот вклучува коментар за главните класични поети што се користеле како извори и за тоа како промените во културите довеле и до промена на карактеризацијата на божествата и нивните митови. Често се користи во средните училишта и колеџите како воведен текст во античката митологија и верување.

Содржина Книгата содржи вовед и седум дела:Edith Hamilton, Mythology, Little, Brown and Company, 1942.

Старогрчки богови на Олимп и статогрчки митови за создавањето Старогрчки и римски митови поврзани со љубовта и авантурата, вклучувајќи ги приказните за Ерос и Психеја и потрагата на Јасон по Златното руно Херои пред Тројанската војна, како што се Персеј, Тезеј, Херакле и Аталанта Тројанската војна и нејзините херои, вклучувајќи ги Одисеј, Енеј и Ахил Значајни семејства во грчката митологија: династијата на Атреј, кралската династија на Теба и кралската династија на Атина Помалку познати приказни од старогрчката и римската митологија Приказни од нордиските митови во кои се вклучени божества како Один, Тор и Локи

Повеќето изданија вклучуваат цртежи од американскиот илустратор Стил Севиџ.

Наводи

Категорија:Митолошки книги Категорија:Книги од 1942 година