„Човекот и неговите симболи“ — последното дело што го напишал Карл Јунг пред неговата смрт во 1961 година. Првпат објавена во 1964 година, книгата е поделена на пет дела, од кои четири биле напишани од соработници на Јунг: Мари-Луиз фон Франц, Џозеф Л. Хендерсон, Аниела Жафе и Јоланде Жакоби. Книгата, која содржи бројни илустрации, имала за цел да обезбеди јасно објаснување на сложените теории на Јунг за широка читателска публика која не е специјализирана.Freeman, John, ed. 1968. "Introduction." In Man and His Symbols. Dell Publishing. p. viii
Структура на книгата Богато илустрирана, книгата се состои од пет дела:
Есеј за истражување на несвесното (Карл Јунг) Примитивни митови и современиот човек (Џозеф Л. Хендерсон) Процесот на индивидуализација (Мари-Луиз фон Франц) Симболизам во пластичните уметности (Аниела Жафе) Симболи во рамките на индивидуална анализа (Јоланде Јакоби).
Јунг ја завршил својата глава едвај десет дена пред почетокот на болеста што довела до неговата смрт (ова било неговата последна статија) и откако го одобрил нацртот на своите соработници.
По смртта на Јунг, Мари-Луиз фон Франц ја презела одговорноста за координација и го составила заклучокот.
Наводи
Надворешни врски
Архива за истражување на архетипскиот симболизам: Сликовна и пишана архива на митолошки, ритуални и симболични слики од целиот свет и од сите епохи на човечката историја. Категорија:Митолошки книги Категорија:Симболика