мини|353x353пкс|Кантар - Музеј на Старата скопска чаршија Кантарџиски занает — традиционален занает за изработка на ваги.
Историја во Македонија Кантарџискиот занает датира од пред 200 години, и бил развиен за време на турското владеење. Вообичаено кантарџиите изработувале и други работи од железо како тесли, секири, клешти, ножици и друго. Исто така кантарџиите вршеле и баждарење на кантарите. Материјалот за работа македонските кантарџии го набавувале од Самоков.
Алати за изработка на вагите биле: оган со мев за дување и топење на железото, неколку вида на клешти, чекани со различна големина и форма, ножици, менгеме, точило и повеќе видови турпии.
Во периодот од 1939-1956 година постоеле многу малку дуќани за овој занает во Македонија.Етнолог 4-5, Списание на здружението на етнолозите на Македонија, стр. 35
Наводи
Категорија:Занаети