„Пеколот е мало место“ - збирка на поезија на современиот поет и писател Тихомир Јанчовски издадена во 2025 година, издание на издавачката куќа „Макавеј“. Содржина Стихозбирката е составена од педесетина нови песни и е поделена на циклусите „Обиди се да сфатиш“, „Годините врват“, „Секогаш од љубов“ и „Куќа за птици.

Во поговорот на стихозбирката се вели дека новите песни се надоврзуваат на продуктивниот книжевен залет од последните неколку години со кој поетот го зцврсти својот книжевен придонес во тековите на современата македонска литература.

Наводи

Категорија:Македонска поезија Категорија:Дела на Тихомир Јанчовски Категорија:Појавено во 2025 година во Македонија