Нада Драгутин Младеновиќ Иванова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Учествувала во НОД како член на СКОЈ од 1942 година. Собирала народна помош и растурала пропаганден материјал. Се грижела за илегалците што престојувале кај неа дома. Честопати била врска на другарите што од Скопје преку Куманово се префрлувале во партизани. Во мај 1944 година била затворена. Била интернирана во Червен брег, Бугарија. Бидејќи немало доволно докази, кон крајот на август се вратила. Било одржано судење на кое е ослободена. Најдувајќи се повторно на слобода, стапила во Единаесеттата македонска ударна бригада, а подоцна и во Седумнаесеттата, во I баталјон како санитарен референт. Учествувала во борбите на Страцин, Никуљане, Куманово, Бугарине и други.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ