Славка Иванова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Таа била монополска работничка. Од 1941 година, под влијание на својот брат станала член на воспитна младинска група, а во 1942 година и член на СКОЈ, работела со младината на создавање младински групи растурање илегален материјал, собирала народна помош. Во нејзиниот дом се одржувале партиски и скоевски состаноци. Во 1943 година одржува врска со другари кои треба да заминат во НОВ. Во јуни 1944 година заминала во единиците на НОВ и ПОМ на Козјак, а потоа преминала како борец во Третата македонска ударна бригада. Станала воен делегат, а подоцна комесар на чета. Учествувала во сите борбени акции на Треттата македонска ударна бригада: кај селото Ристовац, затворот Идризово, Велес, Треска, ослободувањето на Скопје, ослободувањето на Тетово. Зела учество и во завршните операции за ослободувањето на Југославија на Сремскиот фронт. Станала член на КПМ од 1944 година.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ