мини|десно|Антун Михановиќ Антун Михановиќ (10 јуни 1796 – 14 ноември 1861) – предвесник на хрватската национална преродба, познат колекционер на старите словенски ракописи. Тој е автор на текстот на државната химна на Хрватска.

Во својство на австриски конзул престојувал и во Солун (ок. 1840), од каде што ги посетува манастирите во Македонија и на Св. Гора и оформува збирка што содржи српски и македонски ракописи по потекло главно од северномакедонските и од светогорските манастири. Михановиќевата збирка (38 кирилички ракописи) се чува во Загреб, Архив на ХАЗУ.

Категорија:Родени во 1796 година Категорија:Починати во 1861 година Категорија:Писатели на државни химни