Тала Милутиновиќ Бикова ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Учествувала во НОД во родниот град од 1942 година како член на СКОЈ. Била мошне активна меѓу младината во градот, собирала народна помош, опфаќала младинци за учествo во НОД. На 20 април 1944 година стапила во единиците на НОВ како борец, отпрвин во баталјонот „Страшо Пинџур“, а потоа во Втората македонска ударна бригада, каде била санитетка. Кон крајот на април била избрана за член на КПМ. Како борец во Втората македонска ударна бригада загинува во борбите за ослободувањето на Струмица, кај селото Чам Чифлик на 28 септември 1944 година при обидот да извлече ранет борец од борбените позиции.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви во битките за ослободување на Струмица