мини|283x283пкс|Рапава лушпарка Рапава лушпарка (лат. Pholiota squarrosa) е нејадлива печурка од фамилијата Strophariaceae. Честа е во Северна Америка и Европа, често е опортунистички паразит и има широк опсег на домаќини меѓу листопадни дрвја, иако може да зарази и четинари. Може да живее и како сапротроф, добивајќи хранливи материи од дрво што се распаѓа. Габата обично се наоѓа во кластери во основата на дрвјата и трупците.

Опис

Капачето на рапавата лушпарка е широко од 5 до 12 сантиметри, најпрвин испакнато, потоа раширено и малку тапо конвексно, месесто и тврдо, окер или светло портокалово, секогаш суво, работ е секогаш извиткан и ресест; Целото капаче е покриено со прицврстени лушпи со црвено-кафеава боја. Ливчињата се густи, тесни, прикачени на стеблото или благо се спуштаат по стеблото, на почетокот бледожолтеникави маслинести, а подоцна жолто-кафеави. Стеблото е високо од 5 до 12 сантиметри, прво цврсто, потоа шупливо, цилиндрично, нешто потенко кон основата, мазно и бледо жолтеникаво над прстенот; под прстенот е лушпесто како капачето и изгледа наежено. Прстенот е бел и мазен на горната страна, а кафеав и лушпест на долната страна. На работ е со реси. Месото е тврдо, бледо жолтеникаво, потемно кон дното на стеблото; Неговиот мирис и вкус повеќе или помалку наликува на рен. Спорите се мазни, бледо жолтеникаво кафеави, цилиндрично-елиптични, 6 – 8 x 3,5 – 5 μm; отпечатокот е црвено-кафеав.

Хемиски реакции Месото со железен сулфат веднаш добива темно зелена боја, додека со калиум хидроксид станува кафеаво.

Живеалиште Рапава лушпарка расте во есен во купчиња на сè уште живи трупци од листопадни и иглолисни дрвја или навидум на земја.

Употребливост Рапава лушпарка не може да се јаде поради непријатниот вкус и мирис.

Сличности На рапавата лушпарка и наликува нејадливиот вид Pholiota subsquarrosa Fr која расте исклучиво под иглолисни дрвја. Нејадливиот вид Pholiota squarrosoadiposa Lange, исто така, многу наликува на рапавата лушпарка, но нејзината капа е вискозна, по што се разликуваат. Неопходно е да се спомене и нејаделивиот вид Pholiota aurivella (Batsch. ex Fr.) Kummer, која исто така е слична на рапавата лушпарка, а се одликува со сјајна и вискозна капа, лушпите се ретки, со боја на рѓа и се прилепени до површината на жолтото капаче.

Галерија

Наводи

Категорија:Нејадливи габи