мини| Вилијам Блејк Големиот црвен змеј и жената во сончева облека – Бруклински музеј мини|Големиот црвен змеј и жената во сончева облека (Национална галерија) десно|мини| Големиот црвен змеј и морскиот ѕвер десно|мини| Бројот на ѕверот е 666 Големиот црвен змеј претставува серија слики изведени во техниката акварел од страна на англискиот поет и сликар Вилијам Блејк. Тие се создадени помеѓу 1805 и 1810 година. Блејк добил нарачка од над сто слики што требало да ги илустрираат книгите од Библијата. Овие слики го прикажуваат „Големиот црвен змеј“ во различни сцени од Откровението на Јован .
Сликите
Големиот црвен змеј и жената во сончева облека (Отк. 12:1-4) Висина: 43,7 см, Ширина: 34,8 cm
Оригиналот се чува Бруклинскиот музеј зад затворени врати поради неговата чувствителност на светлина. Оваа слика е многу значајна во приказната на романот „Црвениот змеј“ од Томас Харис, како и во нејзините филмски адаптации.
Големиот црвен змеј и жената во сончева облека Висина: 40,8 cm, Ширина: 33,7 cm
Оваа слика се чува во Националната уметничка галерија во Вашингтон и е слична на сликата која што се чува во Бруклинскиот музеј (види погоре), но овој пат прикажана од поинаква перспектива каде што фигурите се насликани во различни позиции.
Големиот црвен змеј и морскиот ѕвер Висина: 40,1 см, Ширина: 35,6 cm
Се чува во Националната уметничка галерија во Вашингтон.
Бројот на ѕверот е 666 Висина: 40,6 cm, Ширина: 33,0 cm
Се чува во музејот и библиотеката во Розенбах.
Во медиумите Била насловна страна на Оксфордските светски класици за Приватните мемоари и исповеди на праведниот грешник.
Дел од сликите биле прикажани во психолошкиот хорор филм од 2019 година Света Мод на британската режисерка Роуз Глас.
Романот Црвениот змеј од 1981 година на Томас Харис нагласено ја прикажува сликата на Блејк. Главниот лик е опседнат со неа, верувајќи дека тетовирањето на сликата на неговиот грб и извршувањето убиства ќе му помогнат да се трансформира во Црвениот змеј. При крајот на романот за да се ослободи од своите заблуди, ќе отиде во Бруклинскиот музеј и ќе ја изеде оригиналната слика. Филмуваната верзија од 2002 година на романот ги обединува овие елементи и содржи повеќе кадри од сликата, исто како и во приквел серијата Ханибал на НБС .
Наводи
Категорија:Сатана Категорија:Слики засновани на Откровението Категорија:Уметнички слики од 1800-тите Категорија:Слики на Вилијам Блејк Категорија:Змејови во уметноста