Дједматесанк била египетска жена од Теба (денешен Луксор), која живеела во IX век п.н.е..Javed, Noor. "Return of the mummies", The Toronto Star, November 6, 2007. Retrieved on 30 January 2013. Нејзиното тело е зачувано како мумиија во украсен саркофаг, кој денес е изложен во Кралскиот музеј на Онтарио. Преку истражувања и детални компјутерски томографии (CT) на нејзините останки, научниците откриле важни информации за нејзиното здравје, можната причина за смртта и некои аспекти од нејзиниот семеен живот. Скeновите покажуваат дека можеби била неплодна, што е необично за жена на нејзина возраст од тоа време, бидејќи коските на карлицата ѝ останале недопрени.
Таа исто така била и музичарка
Живот Нејзиниот саркофаг го наведува името на нејзиниот сопруг како Паанкентеф, што во превод значи „Животот му припаѓа нему (или неговиот). Египтологот Гејл Гибсон и Стефани Холовка, техничар во болницата за болни деца во Торонто, презентирале докази за поддршка на теоријата дека Паанкемамун, мумија изложена во Институтот за уметност во Чикаго, е сопруг на Дједматесанк. Гибсон цитира дека двата ковчези се многу слични и дека Паанкентеф би бил прифатлива кратка форма на Паанкенамун, Холовка истакнал дека скенирањата што ги извршил покажале дека има „особини во процесот на мумификација што ги споделувале и мумиите„.
Смрт Дополнителните испитувања откриле дека тешка забна инфекција веројатно била причина за нејзината смрт преку предизвикување на крвна инфекција. Деталните скеновите на нејзината мумиија откриле и многу за практиките на мумифицирање во древен Египет, покажувајќи дека нејзините внатрешни органи веројатно биле извадени и завиткани во ленени пакети поставени во телесната празнина, со долниот дел торзото е наполнето со ткаенина.
Наводи
Категорија:Мумии Категорија:Музичари