Лејла Елберта Рос-Шиер (родена во Мектагарт, - година) — музичарка, наставничка и композиторка од Кајманските Острови. Рос-Шиер ја напишала државната химна на Кајманските Острови, „Возљубен остров Кајман“.
Биографија Лејла Рос-Шиер била родена на 16 ноември 1886 година во Голем Кајман. Работела како наставничка, библиотекарка и била официјална матичарка на родени и починати. Таа ги охрабрувала сите средношколци да читаат, без разлика на бојата на нивната кожа, и покрај нормата на сегрегација во тоа време.
Рос-Шиер ја напишала химната „Возљубен остров Кајман“ во 1930 година. Пишувала и химни и балади, а исто така организирала и концерти, а била и црковна органистка.
Рос-Шиер била една од потписниците на петицијата што довела до доделување право на глас на жените на Кајманските Острови во 1959 година.
Рос-Шиер починала на 26 септември 1968 година во Голем Кајман.
Наводи
Категорија:Починати во 1968 година Категорија:Родени во 1886 година Категорија:Библиотекари Категорија:Луѓе од Голем Кајман