Ферчо Поп Ѓорѓиев ( во — во ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите лица во Масакрот во Ваташа.

Животопис По занимање бил берберски работник, неговиот дуќан бил свртилиште на ваташките младинци. Уште од рани години се вклучил во редовите на антифашистичкото движење и активно соработувал со организираните ваташки младинци. Неговата куќа била сигурно место за престој на голем број илегалци, а во текот на 1942 година во неа престојувале и група борци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Неговата активност била особено голема во времето на подготовките за исфрлање на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”.

Масакрот на ваташките деца мини|259x259пкс|Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските фашистички сили.

Во времето на јунската бугарска офанзива кога одредот бил разбиен на помали групи Ферчо активно помагал во прифаќањето и спроведувањето на групите во атарот на селото Ваташа. На 16 јуни Ферчо бил уапсен од бугарската полиција и стрелан заедно со останатите ваташки младинци во месноста Моклиште. Како еден од повозрасните врз него бугарските фашисти го истуриле сиот свој бес. Вилицата му била скршена, нозете под колената исечени, а целото тело било избодено со бајонети.

Поврзано

Масакрот во Ваташа Бугарска офанзива во Тиквешијата

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Масакри врз Македонци Категорија:Масакри во Македонија