Д-р Ристо Сталев се среќава и како Ристо Поп Стојанов Сталев ( во — во ) — македонски доктор.

Животопис Бил роден во свештеничко семејство. Завршил основно училиште во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Во Велес завршил гимназија и како најдобар ученик на генерацијата се стекнал со право да користи кралска стипендија. Во 1930 година се запишал на Медицинскиот факултет во Белград, а го завршил во 1935 година. Со дипломата лекар станал дворски лекар на кралското семејство Караѓорѓевиќ и бил еден од најмладите а во исто време и најдобрите лекари на кралскиот двор.

Пред почетокот на Втората светска војна отворил приватна лекарска ординација во Белград, а во меѓувреме специјализирал ренгенолоrија. Бил многу приврзан кон своето родно Ваташа и секоја година по дваесетина дена престојувал кај својот брат и сестра. Д-р Ристо Сталев починал во Белград во 1946 година на 36 годишна возраст.

Наводи

Категорија:Медицински лица Категорија:Македонски доктори