Андо Поп Ангелов ( во — па патот кон Ваташа) — македонски свештеник.

Животопис Бил роден во свештеничко семејство во кое и неговиот татко и дедо биле ваташки свештеници. Завршил основно образование во Ваташа кај учителот Андон Грков. На 15 годишна возраст почнал да пее во селската црква со познатите ваташки црковни певци. Неговиот татко не сакал да биде свештеник и го пратил да го изучува шивачкиот занает. Во 1867 година станал свештеник во ваташката црква Успение на Пресвета Богородица. Во бракот со Софија Ашкова имал четири сина и една ќерка. Поради неговите слободоумни идеи бил извесно време отстранет од службата и на два пати бил испратен на заточение. Долги години поп Андо бил претседател на Црковно-училишната општина во Кавадарци.

На 23 август 1902 година поп Андо бил на служба во селото Манастирец, кое било негова енорија. По службата на пат за Ваташа бил пречекан од страна на луѓе од т.н. "Тајните турски комитети", од кои бил убиен. На неговиот погреб присуствувале повеќе од 40 свештеници од Тиквешката Каза, како и целото население од Ваташа и Кавадарци.

Наводи

Категорија:Македонски свештеници Категорија:Македонски стопанственици