Д-р Софија Пијадева Миросављевиќ ( во — ) — македонски лекар.
Животопис Основно образование до четврто одделение завршила во своето родно село, а гимназија до осми клас во „Добри Даскалов” во Кавадарци. Во 1948 година се запишала на Медицинскиот факултет во Скопје, на кој дипломирала во 1956 година. Нејзиното прво вработување е во Здравствениот дом на Бит Пазар во Скопје, каде работела во наредните три години.
Се омажила и се вработила во Здравствениот дом „Савски венец“ во Белград. Специјализирала по општа медицина. Се пензионирала во 1989 година со 35 години работен стаж како лекар. Нејзиниот син денес е професор на Медицинскиот факултет во Белград, а нејзината ќерка исто така е лекар.
Наводи
Категорија:Македонски лекари