Смртната казна во Узбекистан е укината.

На 1 август 2005 година, претседателот Ислам Каримов потпишал декрет во кој се вели дека „смртната казна ќе биде укината во Република Узбекистан од 1 јануари 2008 година, како форма на кривична казна и ќе биде заменета со казна доживотен или долгогодишен затвор“. Причината за тригодишното одложување била потребата од изградба на нови затвори за сместување на лица осудени на доживотна казна наместо смртна казна.

Последната егзекуција во Узбекистан била извршена во 2005 година.

Наводи

Категорија:Смртна казна по земја Категорија:Кршење на човековите права во Узбекистан Категорија:Узбекистанско право