мини|300x300пкс| Сликовит приказ на параболата за квасот. Парабола за квасот — една од најкратките Исусови параболи, која раскажува за жена која меси тесто со помош на квас.

Запишана е во канонските евангелија според Матеј и Лука, како и во неканонското евангелие според Тома. Во двете канонски евангелија, таа веднаш ја следи параболата за синаповото семе, со кое ја споделува темата за растот на небесното царство од самиот почеток.

Парабола

Според Матеј Евангелието според Матеј ги пренесува следниве Исусови зборови:

Според Лука Евангелието според Лука пренесува:

Според Тома Евангелието според Тома пренесува:

Толкувања Оваа парабола опишува што се случува кога квасот се додаде во голема количина брашно (околу 8½ галони или 38 литриJohn Nolland, The Gospel of Matthew: A commentary on the Greek text, Eerdmans, (2005). стр. 553–554.). Ситните живи организми во квасот растат преку ноќ, така што до утро целата количина брашно значително пораснала. Големото количество брашно во параболата можеби навестува некоја прослава, бидејќи количината на произведен леб е доволна за стотина луѓе.Ben Witherington, Women in the Ministry of Jesus: A study of Jesus' attitudes to women and their roles as reflected in his earthly life. Оваа парабола се поврзува со параболата за синаповото зрно, со кое го дели заедничкото значење на растењето на царството небесно од самите почетоци. Конечниот исход е неизбежен штом ќе започне природниот тек на растот.

Иако квасот има негативна симболика на некои места во Новиот завет (на пр. Лука 12:1), тоа не е случај во оваа парабола.John Calvin, Commentary on Matthew, Mark, Luke - Volume 2.Daniel J. Harrington, The Gospel of Matthew. стр. 205. Меѓутоа, неколку коментатори го толкуваат квасот како расипано влијание во Црквата.

Наводи

Категорија:Исусови параболи