Чудесна книга на библиски приказни — збирка од 1904 година на Логан Маршал објавена во Соединетите Држави. Книгата вклучува библиски приказни и од Стариот и одНовиот завет, прераскажани за деца и илустрирани со богат дрвопис и таблички во боја. Препечатена неколку пати во 1920-тите, излегла од печатење во 1925 година. Била достапна онлајн од страна на Проектот Гутенберг во 2005 година, а потоа имала неколку печатени изданија на кинески и на англиски јазик, објавени во Тајпеј, како и други верзии на е-книги.The Wonder Book of Bible Stories (Logan Marshall) at WorldCat

Други збирки библиски приказни со овој наслов се направени од Мери Јургенс (1951), Дејвид Кајлс (1953) и Џеси Лајман Хурлбут (1958).The Wonder Book of Bible Stories search at WorldCat

Наводи

Надворешни врски Е-книгата Чудесна книга на библиски приказни Категорија:Статии со врски до проектот „Гутенберг“ Категорија:Верски дела