Драгош ( или Ζευγολατιό, Зевголатио; до 1927 г. Δραγόσι, Драгоси) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција.
Географија Селото се наоѓа во североисточното подножје на Богданска Планина. Лежи блиу јужниот брег на реката Струма, на помалку од 3 км источно од Турица.
Историја Во средниот век Селото е спомнато во грамоти на царот Стефан Душан од 1349 г. како село Драгошта, и во 1349 г. како село Драгошт(у).
Во Отоманското Царство
Во XIX век Драгош било македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгош (Dragoch) било село во Серската Каза со 70 домаќинства сочинети од 160 муслимани и 30 Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 460 жители, од кои 400 Македонци и 60 Роми.
Сите христијани во Драгош биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгош (Dragoche) живееле 320 Македонци под Патријаршијата.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 494 жители. Во 1918 г. во селото се доселени грчки колонисти од селото Пелевун кај Ортаќој (денешен Ивајловград), Бугарија. На пописот од 1920 г. Драгош имал само 155 жители. Во 1920-тите Турците/муслиманите во селото се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1922-1923 г. во селото се доселиле и неколку семејства од Епир.Δήμος Στρυμωνικού. Ζευγολατιό . Во 1927 г. селото е преименувано во Зевголатио. Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано, од кои 407 жители (95 семејства) биле дојденци. Во 1932 г. во Драгош са доселиле и Каракачани од Епир.
+ Месности во Драгош преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Чал Τσάλ Λόφος Перасма Πέρασμαвозвишение на Ј од Драгош и на СЗ од Орляк (141 м) Шејтан Σεϊτάν Дјаволу Рема Διαβόλου Ρέμαрекичка на Ј од Драгош, десна притока на Струма Дурпесина Ντουρπεσινέ Дисватон Рема Δύσβατον Ρέμαрекичка на Ј од Драгош, десна притока на Струма Адичка Άντιτσκα Ризома Ρίζωμαмесност на ЈИ од Драгош, по десниот брег на Струма Иляз Мезари Ίλιάζ Μεζαρί Мнимата Μνήματαмесност на ЈИ од Драгош, по десниот брег на Струма Гуру Чешме Γκουρού Τσεσμέ Ксери Вриси Ξερη Βρύσηмесност на ЈЈЗ од Драгош Деве Тепе Ντερέ Τεπέ Камилокорифес Καμηλοκορυφέςвозвишение на Карадаг на ЈЗ од Драгош (556 м)
Население
Наводи
Категорија:Долна Џумаја